Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Семејствата на загинатите планинари на Кајмакчалан: Одговорност веднаш

0
By Нова ТВ on April 13, 2018 ВЕСТИ
Фото Нова Македонија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 13, 2018 13:11

Семејствата на загинатите планинари, Калина Велевска и Александар Миновски  уште еднаш преку отворено писмо бараат одговорност за трагедијата од Планинарската федерација, со цел за спречување на вакви трагедии во иднина.

-Изминаа два месеци од смртта на Калина и Александар, а молчат државните инспекциски служби, Планинарската федерација, која и понатаму издава лиценци за водичи, а Трансверзалец повторно си организира планинарски тури,  без никој да утврди дали тоа им е дозволено, велат роднините.

-Ги гледаме нивните насмеани лица, меѓу нив и славниот туристички водич Москито, кој иако казнет, ја организирал турата на Кајмалкчалан на 10. 02. 2018. Очигледно, паднаа во заборав  двете смртни последици и фактот дека државата требаше да ја утврди одговорноста на сите чинители за купот повреди на законските прописи. Затоа што, Судот во Стразбур, во овие случаи, најпрвин утврдува дали државата, нејзините институции и приватни лица ги поседувале и ги ставиле во погон сите механизми и мерки за  обезбедување на животите на лицата, кои се под нивна јурисдикција и кои има обврска да ги заштити, се вели во писмото од роднините.

-Се прашуваме што направи нашата држава овие два месеци, во правец на утврдување на причините за трагичниот настан? Да почнеме по ред. Дали инспекциските служби го затворија Трансверзалец заради бројните повреди на законските и интерните прописи? Дали Москито, јавно заштитен од  Угриновски, кој, сред зима, „остро“го казни  со  непостоечка казна (суспензија на лиценцата за летни услови, со оглед дека за зимски услови никогаш не ни имал), повторно си игра водич и организира нови тури ?

Дали вечниот Угриновски, во меѓувреме го пријави инцидентот на Светското планинарско друштво? Очигледно не, туку продолжи со своите ефтини манипулации, па присуството на претседателот на Словенечката планинарска федерација, чие доаѓање му било договорено одамна пред овој настан, го искористи, за на фамилиите, лажно  да им го „подметне“како доаѓање на лице од Светската  планинарска федерација? Колку и обвинителството да утврдува вина, неспорен е фактот  дека водичот Москито и лицето Дени,  никому не се јавиле, ниту на МВР, ниту на нашата војска,  ниту на професионално обучени, за зимски услови, спасители од Македонија за да побараат помош во една животно загрозувачка состојба за Калина и Александар!

Дали  воопшто, во една нормална држава,  давањето на лиценци за планинарски водичи и надзорот над овие спортови, во кои се гине, се остава на непрофитни организации, или тоа го прават безбедносните органи, а превенствено, МВР, прашуваат роднините.

Додека ја чекаме бавната правда, очекувавме Трансверзалците, барем за Велигден, да се сетеа да организираат едно меморијално искачување во спомен на загинатите со планинари. Можеби тие,  кои беа во групата на 10.02, кои тогаш не се јавија никому, ниту постираа на ФБ, или на било што, еден обичен апел за спасување на Калина и Александар и поради тоа срамно молчат, се вели во писмото.

Александар Кајмакчалан Калина одговорност отворено писмо Планинарска Федерација семсјтва Угриновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 9, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

ВЕСТИ August 9, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена,…

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.