Browsing: ВЕСТИ

Дебата на проф. Јове Кекеновски и одговорниот уредник на Фокус, Зоран Димитровски: Дали т.н бомба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со која преку докази би го натерала премиерот Никола Груевски да си поднесе оставка ќе повлече нешто многу покрупно- вистински политички земјотрес со несогледливи последици по државата?

Здружението на новинарите на Македонија ги оценува како скандалозни измените и дополнувањата на Законот јавни набавки, во кои јавните институции немаат обврска да распишуваат тендери за рекламирање во медиумите

ЛГБТИ заедницата и група активисти попладнево пред Јавното обвинителство на Република Македонија преку получасовен протест го покажаа револтот од непреземањето на никаква активност од страна на надлежните во врска со нападите врз припадниците на оваа заедница

Во ПРОЦЕС обелоденуваме сведоштва на жртви на Законот за прекин на бременоста. На што се однесуваат забелешките на Законот и како тој влијае врз правата на жените разговараме со Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет и Игор Јадровски од НВО ХЕРА

Што се случуваше во почетокот на осумдесетите години во СФРЈ кога на рок сцената се појавија “новите дечки” ? Кој беше Милан Младеновиќ и како ЕКВ стана икона на овој период? Документарен филм на Душам Весиќ во кој зборуваат сите, се уште живи, кои го создаваа Новиот ЈУ бран.

Наместо извоз на европските пазари на еден од највусните автентитични македонски продукти и заживувување на регион, преспанските јаболка се враќаат дури и од Русија означени како отровни. Каде завршуваат отровните преспански јаболка и кој и дали го контролира пазарот и употребата на пестициди.

Како дел од неговата книга „Moving Albania“, патувајќи низ земјата, белгискиот фотограф Фредерик Бајк „фатил“ неколку моменти од секојдневниот живот во руралните делови. Некои од фотографиите се неверојатни, поетски, надреални и трогателни

Со нетрпение ја очекувам Монографијата на Факултетот за драмски уметности- да видам колку букви добиле режисерите Слободан Унковски и Владе Милчин. Без овие двајца професори Милчин и Унковски не е прашањето дали ќе имавме сиромашен театар. Ние ќе немавме воопшто театар

Интервју на активистката проф. Синоличка Трпкова за НОВА: За Монографијата на ФДУ, каде е ревидирана историјата а за која прв гласот го крена режисерот и проф. Слободан Унковски, за разнишаните односи во ФДУ, како огледало на културата и општеството, за властољупците- уметници и оние другите, борците, бунтовниците, слободоумните