Browsing: ВЕСТИ

Режимот се однесува и на медицинските работници, постарите граѓани, и на младите мажи и жени; неодамнешните крвопролевања претставуваат најлоша глетка во Украина од 1944 година кога нацистичките чети беа протерани

Амбасадорот Ристо Никовски одговара на прашањата зошто македонските власти не успеваат да создадат пријател од Грција, дали парите за антиквизацијата и Скопје 2014 се поважни од достинствен стандард на граѓаните?

Интервју со Дејвид Ливингстон од Европскиот совет за надворешни работи. Тој зборува за причините на кризата и можниот излез. „Реално оваа криза врие од есента 2010 година. Јанукович можеби беше избран на фер избори, но кога доби поголема моќ со Уставот во октомври 2010, ја употреби моќта да се збогати тој и неговите пријатели, и проблемот беше на повидок уште од тогаш“

ЛГБТИ Центарот за поддршка заедно со Хелсиншкиот Комитет за човекови права се преместени на нова локација, посилни и уште повеќе посветени на менувањето на социјалниот и правниот статус на ЛГБТИ луѓето во нашето општество

“Ова што се случува во Украина не е револуција, не е конфликт, не е граѓанска војна. Ова е војна на Јанукович против неговиот народ”, рече пејачката Руслана во Брисел додавајќи дека денес оди во Киев каде ќе почне штрајк со глад доколку ЕУ не воведе санкции.

Лилјана Георгиевска и Зоран Петрушевиќ, стечајци: За полициското тепање со клоци и тупаници, бараат одговор од надлежните, за тоа дека има пари за панорамско тркало и барок, но не и за нив, зар немаме право на живот, велат, најавуваат социјални немири поголеми од Босна и Украина

Според последното истражување, 79% од студентите никогаш не гласале на студентски избори. За 51% членувањето во студентска организација е можност за запознавање нови луѓе. Најголемите лоцирани проблеми се носењето одлуки без консултации со студентите кои ги претставуваат