Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство: Села се спасил, бидејќи мислеле дека е мртов

3
By Нова ТВ on January 26, 2018 ВЕСТИ
Фото. сдк.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 26, 2018 13:08

Презентирајќи го Обвинението за десетмината обвинети за обидот за убиство на Зијадин Села при упадот во Собранието на 27 април, јавниот обвинител Дарко Јакимовски, рече дека единствената причина поради која Села не е убиен е тоа што сите мислеле дека е мртов.

-Доказите ќе покажат дека во моментите кога нападот и тепањето го достигнале екстремот единствена околност за спас на оштетениот Зијадин Села не е колебањето на тепачите, туку фактот дека не давал знаци на живот и сите мислеле дека е мртов. Сите повреди на оштетениот му се нанесени на главата и најмалку две се животно загрозувачки, рече Јакимовски.

Тој истакна дека како докази за кривичното дело има фотографии, видео снимки и искази на сведоци.

Адвокатите на обвинетите, пак, во нивно име се изјаснија дека тие не се виновни. Според дел од адвокатите, тие не нанеле повреди кои се животно загрозувачки, а за дел од обвинетите, како Коста Делов, рекоа дека воопшто не учествувале во нападот на Села, туку само „сакал да се пофали на Фејсбук дека на 27 април бил во Собранието“ и дека врз основа на тоа е покрената истрага.

Адвокатот на обвинетиот Александар Јаневски кажа дека неговиот клиент бил тој кој го заштитувал и му помагал на Села.

Наредното рочиште за нападот врз Зијадин Села е закажано за 8 февруари. Тогаш како сведоци се повикани Села, вештаци од Институтот за судска медицина и двајца сведоци кои биле присутни во Собранието на 27 април.

Села не беше присутен на денешното судење, а во судницата присутни беа десетмината обвинети. Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Претседателот на Собранието Талат Џафери утрово го известил судот дека поради работни обврски е спречен да дојде во својство на сведок на судењето.

Судскиот процес го води судијата Славица Андреевска.

За настаните во Собранието веќе се изречени судски пресуди за два предмета. Во првиот, девет лица учесници во насилства добија условни казни, а во вториот случај Панче Ангелов, напаѓачот на Радмила Шекеринска доби казна затвор од четири години.

Во тек е истражна постапка и за предметот што го отвори Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за што се осомничени 36 лица. 

 

обид за убиство Села судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.