Browsing: ВЕСТИ
Аналитичарот Мехмети за средбата Груевски- Заев на која очекувано беше одбиен предлогот на лидерот на опозицијата за техничка влада, за улогата на меѓународната заедница и кои се идните чекори на двајцата лидери
Ирак бара помош од Западот во борбата против ИДИЛ. САД ги испратија првите војници за заштита на својата амбасада. Претседателот Обама не сака долг ангажман на копнени сили. Многу американски граѓани тоа го поздравуваат
Анализа на Си-Ен-Ен: Дали Западот само интервенира кога сопствениот економски просперитет е во прашање? Зошто инаку би ги бранеле правата на цивилите тука, а не против Асад по неговата очигледна употреба на хемиско оружје?
Вонредна состојба е прогласена во Варна и околината, особено во приморската населба Аспарухово, каде што се регистрирани најголем број на мртви и повредени и е направена огромна материјална штета. Овие фотографии објавени во бугарските медиуми го покажуваат ужасот низ кој поминуваат жителите на погодениот регион
Со солзи во очите и треперлив глас претседателот Трајан Басеску изјави дека нема да подлегне на „природниот импулс да го брани својот брат“, туку ќе се заложи за „консолидирање на судството“
Актерката Емра Куртишова во интервју за НОВА: Зошто Македонија стана затвор за Ромите, за тоа дека е ценета во Театарот за деца и младинци и Факултетот за драмски, но и за секојдневните понижувања на сонародниците и нејзината борба против неправдите
Заштита на докторите додека пружаат медицинска помош и добивање на статус на службени лица од државата бараат Лекарската комора и Синдикатот на клиниките. На социјалните мрежи граѓаните се поделија, едни го осудуваат нападот на докторот, други го охрабруваат нападот. МВР расчистува кои се лицата кои го малтретирале таткото на напаѓачот во клиниката
Четириесет и шест годишниот Фелипе стапи на шпанскиот престол ноќеска на полноќ, откако кралот Хуан Карлос го потпиша законот со кој тој и формално абдицираше по 39 години на престолот, предавајќи му ја круната на својот син
Руската телевизија ВГТРК денеска потврди дека загинаа двајца репортери на телевизијата од фронтот во источна Украина, во близината на Луганск
Интервју со Ристо Лазаров, претседател на ПЕН и директор на Телма Телевизија. За образот и најавите на пратеничките на опозицијата дека ќе влезат во Парламентот. За митовите на античкиот идентитет и лустрацијата, како онаа на великанот Славко Јаневски
Наодите може да дојдат и по неколку години по несреќата, а за тоа време чувството за итност стивнува
Кои промени ќе треба да ги претрпат актуелните полтики за унапредувањето на земјоделието како една од основите стопански гранки на државата? Ќе опстене ли актуелиот систем на субвеционирање? На што ќе треба да се научат македонските земјоделци за да користат ЕУ фондови?