Browsing: ВЕСТИ

Powerhouse Pilates & Dance Studio by Irina Mitevska заедно со ’’ Од срце за Филип ’’ поканува на уште еден хуманитарен настан- собирање на средства кои ќе му овозможат на Филип да ја оствари својата најголема желба – да застане на нозе

Судења во неразумен рок: Цели 11 години мајката барала правда за својата мртва ќерка. Судството ја изневерило, случајот застарел, а убијците поминале неказнети. Сторија на Сашка Цветковска

Каменот од 570 килограми најверојатно припаѓа на метеорот што годинава експлодираше и се распадна на подрачјето Челабинск, при што направи дупка во замрзнатото езеро Чебаркул, со пречник од околу шест метри

Проф. Стево Пендаровски и Светлана Јовановска, дописник на НОВА од Брисел за: причините на напредокот на регионот, но не и на Македонија; за загриженоста за медиумите, судството; кои потези да ги направат власта, опозицијата и медиумите?

Кариес индексот во земјата е алармантен, се движи од шест до осум, што значи кај децата до 14 години има од шест до осум расипани заби, вели Ана Бојевска од „Cardena care“

Викиликс објави видео снимки на Едвард Соунден за кои вели дека се првите откако тој е избеган во Русија. На снимките Сноуден е во добро расположение и зборува за тоа кои се опасностите кои и се закануваат на демократијата

Интервју на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска: Кои чекори ќе ги преземе СДСМ по апсењето на Шиповиќ, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го земе Центар, колку апсења и да се случат. Секуловска со Шеќеринска

„Ова е политичка хајка, без истражна постапка“, Мирослав Шиповиќ, актуелниот претседавач на Советот на општина Центар, по кој МВР распиша потерница за криминали во „Машинопромет“, за НОВА вели дека ќе се предаде на властите по враќањето од САД, но тврди дека не сторил криминал

Полицијата привела околу 1.200 луѓе во врска со нападот на складот за зеленчук кој е под управа на доселениците од Кавказ, а кој вчера беше мета на напади на демонстрантите кои протестираа поради убиството на еден жител на Москва

Во ексклузивно интервју Франк Ла Ру, специјалниот известувач на ОН со уредничката на НОВА, Сашка Цветковска, говори за судењето на Кежаровски, но и за нападите од страна на некои медиуми кои го нарекуваа соросоид поради неговата критичност кон власта

Еден од членовите на „Златна зора“ во видеото зборува за подготвеноста на партијата „да ги отвори печките“, и да прави сапун од имигрантите, кои според нив, „паразитски ја трошат Грција“