Јужна Кореја запленила брод регистриран во Хонг Конг а кој наводно пренесувал нафта во Северна Кореја и покрај тоа што државата е под санкции од Обединетите Нации.

„Санкциите на Советот за безбедност на ОН забрануваат трансфер на било каква стока во Северна Кореја“, тврдат одговорните од ОН.

Бродот и екипажот се во притвор во Јужна Кореја а во тек е истрага. На бродот имало 23 Кинези и двајца државјани на Бурма.

Веста ја потврди и Владата на Хонг Конг, која вели дека не стои зад оваа пратка и дека ќе соработуваат со јужнокорејските власти за расчистување на криминалната трговија.а