Browsing: ВЕСТИ

На избирачкиот список за парламентарните избори регистрирани се 1 .780 128 гласачи а поднесени се 14 листи со кандидати за 123 места во Парламентот. На списокот за претседателските избори регистрирани се 1.779 572гласачи

Во првиот изборен круг бевме предмет на системски фалсификат. Не смееме повеќе да аминуваме ниту еден фалсификат на власта на Груевски, којашто ги краде изборите последните неколку изборни циклуси, повика претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски во Гевгелија

“Во недела да се спротивставиме на диктатурата, на режимот, кој ни го остави тутунот дома и не остави без леб. Да не дозволиме да продолжат да не задолжуваат ниту денар повеќе, доволно сме осиромашени. И да ги потсетиме дека има разлика, ние градевме држава, а тие барок и бродови на суво”

– Ќе изградиме модерен високо квалитетен скијачки центар на Попова Шапка, кој ќе обезбеди најсовремени услови за локалните и регионалните скијачи и сноубордери. Предвидено е да се изградат нови ски патеки за сите нивоа на скијачки вештини кои ќе зафаќаат 270ха совршено балансирани скијачки патеки

-Ни ја земаа државата, ни ги земаа парите и сега со тие пари сакаат да не поткупат. Оваа власт покажа дека може да ни ја земе и работата, и живеачката, и слободата. Ама во недела ниту една сила не може да ни го одземе правото на глас. Во недела секој граѓанин е помоќен од власта, порача Шекеринска во Дојран, соопштува СДСМ

Зоран Заев се одлучи да биде полн со омраза кон своите политички конкуренти. Денес повторно од него видовме еден грст на неразумни навреди и омаловажувања, и не само за Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, туку и за сите носители на листи

Има информации за деструктивното сценарио кое се разгледувало од страна на Заев и неколкумина негови соработници, за свесно и намерно креирање проблеми во изборниот процес во недела, за да издадат наредба нивните претставници да ги напуштат гласачките места

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги известува граѓаните дека во недела, 27.04.2014 г. канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават  повреда на избирачкото право на изборите