Browsing: ВЕСТИ

Мислам дека вистинската грижа која го мачи Груевски и неговите следбеници е тоа што законот почнал да функционира. Тие се тероризирани од помислата дека законот може да почне да важи за сите исто, како за оперските пеачи кои упаѓаат во Собрание така и за тие што крадат ќебапчиња, како за обичните луѓе така и за пратениците кои се соизвршители на кривични дела. Тоа е навистина страшно тероризирачки за нив бидејќи тоа значи дека правдата и нив ќе ги стигне, и тоа брзо ќе ги стигне.

Претседателот Иванов, со неговата реторика и со поддршката кон движењето “За заедничка Македонија” покажува дека тој е претседател кој е посветен на поделбата на населението на етничка и партиска основа

Владата треба да почне сериозно да размислува за промени на проектот – од дислокација на спомениците и склуптурите, реконструкција на фасадите до уривање на проектот

Покрај Митко Чавков утрово приведени се и други лица, меѓу кои, и пратениците Крсто Муковски, Сашо Василевски и Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, поранешниот директор на ФЗОМ Сашо Стефановски, екс директорот на МОБ Игор Дурловски и други