Browsing: ВЕСТИ
Самопрогласената Доњецка народна република (ДНР) во согласност со Луганска народна република од денеска воведува „Режим на тишина”. Ова за руските и украински медиуми го изјави премиерот на ДНР Александар Захарченко
Земјотресот, кој се случил во 11:36 часот по локално време, бил со епицентар во префектурата Аомори, на длабочина од десет километри под површината на земјата
Портпаролот на еврокомесарот Штефан Филе во интервју за НОВА, ги објаснува забелешките во Извештајот за напредокот на Македонија, одговорноста на политичките лидери во државата, како и потребата од итна акција за справување со проблемите во земјава
– Вашите соседи веќе го фатија брзиот воз. Тие се движат, а следната станица е месец декември. Има шанси вашата земја да им се придружи исто така, вели претставникот на ЕУ во Македонија Аиво Орав, додавајќи дека проблемите во земјата мора итно да се решаваат
Во Македонија институциите се тие што не ги почитуваат човековите права на ризичните категории граѓани. Во болниците зависниците од дрога се изолираат во посебни соби, обележани со жолти ленти на вратите. Ваквата ситуација државата ја вбројува во една од најконзервативните и нетолерантни земји во Европа.
Европратеникот во ЕП од Хрватска и поранешен министер за надворешни работи на оваа држава за НОВА го коментира Извештајот за напредокот, шансите на Македонија да го реши спорот со името и нововименуваните комесари во ЕК
Студентите кои протестираат во Хонг Конг одбија да ги отстранат барикадите на улиците и се заканија дека ќе заземат нови делови во градот се додека Владата не ги исполни целосно нивните барања за одржување демократски избори во 2017 година
За Филе ова е последниот извештај бидејќи тој ја напушта оваа позиција која од 1 ноември за презема Австриецот Јоханес Хан. Во видео пораката Филе вели дека властите во земјите кандидати треба да се ангажираат за да можат жителите на овие земји да почувствуваат корист од процесот на проширувањето
Централната забава се случи во саботата на 4 октомври. Почна во раните утрински часови, а заврши со спектакуларно шоу вечерта, каде што акцентот беше ставен на модата и музиката
Тајландски научници соопштија дека откриле нов облик на антитела против вирусот ебола меѓутоа новиот лек ќе треба да се тестира на животни и на луѓе
Владата на Канада планира да се приклучи кон кампањата за воздушни напади врз Исламската држава во Ирак предводена од САД, пренесува Би-Би-Си
Европската комисија ќе го мониторира МРТВ и неговите перформанси како јавен сервис. Интеграцијата на Македонија во ЕУ подразбира и усогласување на МРТВ со европските стандарди за јавен радио дифузен сервис
