Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чичаковски: Сите одлуки за набавките на ДИК се носени со консензус

1
By Нова ТВ on November 17, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 17, 2017 13:02

Сите набавки што ги направила Државна изборна комисија за парламентарните избори кои се одржаа во декември 2016 се направени преку нетранспарента постапка, односно со преговарање без објавување оглас, објави „Фриинфо.мк“

Според податоците што ги доставила ДИК до Електронскиот систем за јавни набавки, парламентарните избори 2016 година чинеле 1.241.059 евра, а локалните избори 2017 година – 844.774 евра.

За парламентарните избори се склучени вкупно 21 договор, а за локалните избори се склучени 19 договори. Најголеми договори за парламентарните избори се за транспорт и сместување на членовите на Избирачките одбори (406.504 евра), за изработка и печатење на изборниот материјал (390.244 евра) и за транспорт на изборниот материјал (105.691 евра). Кај локалните избори, трите најголеми договори се за изработка и печатење на изборниот материјал (453.659 евра), за транспорт на изборниот материјал (81.301 евра) и за надградба на софтвер (69.203 евра).

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски во изјава за НОВА ТВ вели дека тие функционира преку две програми. Едната е редовна програма за работењето на ДИК, а другата е за програма за избори.

„Ако се сеќавате, парламентарните избори неколку пати се одложуваа и парите ни ги даваа па ни ги земаа. Во конкретниот случај, парите ни беа дадени откако се распишаа изборите и имавме многу кратки рокови. Вака се работи од 2006 па до сега“, вели Чичаковски.

Тој додава дека откако станал претседател вовел неколку измени во работата на Комисијата за јавни набавки на ДИК. Како што вели Чичаковски, порано во оваа комисија членови биле вработени во администрацијата и некои членови на ДИК, но сега, сите членови на комисијата за јавни набавки, биле Членовите на ДИК. Тој вели дека оваа промена е направена за да се обезбеди транспарентност и консензус во одлучувањето.

„Претседател на Комисијата е колегата Атанас Урумов, а членови се колегите Силвана Бонева, Игор Милев, Субхи Јакупи и Бедредин Ибраими. Сите одлуки за јавни набаки се носени на јавни седници со консензус потврдени од сите членови на ДИК. Вака направив затоа што требаше да имаме доверба од сите членови и од сите парии за да може да се спроведат изборите“, рече Чичаковски.

Претседателот на ДИК рече дека за јавните набавки користеле и консултанти сертифицирани за јавни набавки.

„Едниот консултант е од Бирото за јавни набавки, еден е од Собрание, а третиот е од Министерството за информатичко општество и администрација. Сите се сертифицирани за јавни набавки и тие ја подготвуваа целата документација“, додаде Чичаковски.

Александар Чичаковски Дик избори јавни набавки парламентарни избори 2016
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.