Browsing: ВЕСТИ

Продолжуваме со беспоштедна и одлучна битка за да кажеме не на сиромаштијата, на поделбите, на нетрпеливоста, на уцените и притисоците, вели Рената Дескоска, носител на листа на СДСМ и коалициските партнери во изборната единица 1

„Успешен бојкот беше тој во 2009. година кога ДПА го бојкотираше “таткото” на Али Ахмети,Ѓорге Иванов и ние успеавме од Сарај-скопско до Речане-гостиварско “таткото” на Али Ахмети да добие 1.7% гласови”, рече Тачи

За жал на овие избори во Крива Паланка имаше се, но фер и демократски избори НЕ!Ова се само дел од изборните нерегуларности во Крива Паланка за кои сметаме дека јавноста треба да биде запознаена, а надлежните институции да постапат според законската регулатива

Непринципиелната кампања што се водеше против нас се покажа како неуспешна. Ме напаѓаа без аргументи, со етикети, непристојно. Но големината е да одговараме на такви коментари. Тоа говори за нив, не за нас, рече Иванов во Охрид

Дебата на Рамадан Рамадани и Никола Гелевски, аналитичари: “Без попис, ниту едни избори не се демократски ниту ја покажуваат вистинската избирачка волја, се е во рацете на власта и граѓаните се плашат но и се корумпирани на разни начини. Албанските партии помагаат во победата на власта”

Различните податоци за бројот на запишани гласачи во избирачките списоци на Државната изборна комисија (ДИК) и Општинската изборна комисија (ОИК) од Битола, внесоа забуна како кај граѓаните, така и кај новинарските екипи кои ги следеа вчерашните избори за претседател на Република Македонија

За односот на ДУИ кон новоизбраниот претседател, Ахмети изјави дека „тој ќе биде едностран претседател и претседател на една заедница, а нема да биде претседател избран со гласовите на втората најголема заедница во земјата – Албанците“

Државната изборна комисија- кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов води со добиени 449.068 гласови или 51,67%, втор е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 326.133 гласови (37,52%), Илијаз Халими од ДПА има 38.966 (4,48%), а Зоран Поповски од ГРОМ 31.366 гласови (3,61%)