Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов од Охрид: Во вториот круг разликата ќе биде уште поголема

0
By Нова ТВ on April 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 15, 2014 08:34

Сигурен сум дека во вториот круг разликата ќе биде уште поголема. Благодарам за поддржувачите, за ВМРО-ДПМНЕ, за коалицијата За подобра Македонија!
Пред 20 дена, тука ја започнавме кампањата. Тогаш реков дека Охрид никогаш не нè разочарал. И тоа го покажа уште во првиот круг, рече синоќа кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов.

– Имавме фер и демократски избори какви што и доликуваат на Македонија. Граѓаните имаа избор која од понудите ќе ја изберат, да изберат кој ќе работи за нивната иднина.
Во огромно мнозинство граѓаните дадоа поддршка на нашите реформи, тимска работа, чесност, патриотизам, отворање работни места, инвестиции.

– Во текот на овие две недели, многу македонски граѓани ќе се соочат со два предизвика.
Првиот предизвик е кога некои ќе се обидуваат да ве убедат да не гласате, бидејќи немало за кого да гласате, бидејќи немало разлика.

– Самите сте сведоци дека постои позитивна разлика. Разликата ја препознава Европската унија, која ни даде 5 позитивни извештаи и препораки за почеток на преговори за членство.
Разликата ја препознава и Северноатлантската Алијанса, која вели дека ги исполнуваме критериумите за членство во НАТО.

– Разликата ја препознаваат светските финансиски институции кои ја рангираат Македонија меѓу најдобрите светски бизнис дестинации. Разликата ја препознаваат и странските инвеститори кои отвораат фабрики во Македонија. Инвестираат насекаде во Македонија. А ќе инвестираат и тука, во Охрид и Охридско-Струшкиот регион и ќе отворат нови 1800 нови работни места, истакна Иванов.

– Непринципиелната кампања што се водеше против нас се покажа како неуспешна. Ме напаѓаа без аргументи, со етикети, непристојно. Но големината е да одговараме на такви коментари. Тоа говори за нив, не за нас. Тие што немаат успеси и проекти зад себе, што немаат програма пред себе, тие водат таква кампања. За овие години македонските граѓани научија да прават разлика. Тоа го покажаат вчера, тоа ќе го покажат и на 27 април.
Покажавме дека Македонија се сака со дела, рече во дел од својот говор пред охриѓани, Иванов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.