Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Крива Паланка имаше се, но фер и демократски избори НЕ!

0
By Нова ТВ on April 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 15, 2014 08:41


Бевме сведоци на голем број притисоци, закани, изборни нерегуларности и општо непознавање на изборните процедури на сите структури кои што требаше да гарантираат слободни, фер и демократски избори, истакна Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка и кандидат за пратеник во ИО 3.

– За жал на овие избори во Крива Паланка имаше се, но фер и демократски избори НЕ!Ова се само дел од изборните нерегуларности во Крива Паланка за кои сметаме дека јавноста треба да биде запознаена, а надлежните институции да постапат според законската регулатива.

– На ИМ 965 во с.Мождивњак – лицето со иницијали Љ.М е пријавено за гласање без сопствена желба како болно и немоќно лице од страна на лицето ВС кој пријавил за гласање и други лица.

– На ИМ 943 претседателката на ИО со иницијали О.Р дозволила да гласа болно и немоќно лице кое го нема во ЕИС, рече Мицевски.

– На ИМ 962 добиен е список со болни и немоќни лица на кој се наоѓало лицето С.С кое
подолго време било починато и не се наоѓа во ЕИС. На поголем број на ИМ меѓу кои 965 и 961, на членовите во ИО од СДСМ не им бил организиран транспорт за гласање на болни и немоќни лица иако тоа е обврска на ОИК.

– На поголем број на ИМ меѓу кои и 938 и 940 стоело лицето С.С вработен во Затвор Куманово и агитирал како овластен набљудувач од невладината Излези и Гласај. Во с. Жидилово на ИМ 962 лицето кое е набљудувач од оваа организација е вработено во МВР.

– Пред ГМ 955 с. Мартиница бил отворен штаб на ВМРО кој активно работел цел ден, а е на само на 30м од гласачкото место.

– На поголем број ГМ маркерот се брише со обично влажно марамче 946, 946/1. На ИМ 971 во с.Габар претседателката на ИО со иницијали К.С ги делела ливчињата со се сериски броеви и така се пуштани во гласачката кутија. На ИМ 959 во с.Б’с членовите на ИО, О.Т и С.П конзумирале алхохол, а зам. претседателката Б.С не ги спречила во тоа. Кога дошол овластениот претставник од СДСМ тие почнале вулгарно да се однесуваат и ги навредувале сите присатни. Во ИМ 945 околу 150 двојно заокружени ливчиња, како начин на одбележување и истите се прифатени за важечки и покрај забелечките од овластените политички партии.

– Во ИМ 943 неколку лица меѓу кои и лицето со иницијали Г.В ги немало ЕИС. На истите по интервенцијата во ОИК им било дозволено да гласаат на ова ГМ иако истите ги немало на тој список а биле заведени во список на раселени лица.

– На ИМ 974 во с. Трново, член на ИО им помагал да гласаат на наводно неписмените. Во скоро сите ИМ имаме транспорт на гласачи со моторни возила. Во ИМ 949 на ул.Херој Карпош во 21.10 имаше пукање пред месен штаб на СДСМ од возило во движење при што се испукани 10 куршуми од автоматско оружје, наброја Мицевски.

За сите овие настани се информирани ОИК, ДИК, МВР и ОБСЕ од кои очекуваме да добиеме повратна информација.

Во вакви услови вчерашниот изборен резултат при сите овие нерегуларности, притисок на власта и злоупотреба на целокупниот државен и административен апарат врз гласачкото
тело, не е ништо друго освен огромен успех.

Факт е дека покрај сите закани и уцени, вчера во Крива Паланка зад опозицијата застанаа околу 5000 гласачи. Сепак ова не е нашиот максимум. Ве повикувам во вториот изборен круг на 27 да ги мотивираме сите граѓани кои со останувањето дома и порачува на власта дека ја нема нивната поддршка. Пораката до нив е дека од дома иднината не се менува.

Наша должност е да го разобличиме системот на владеење на оваа гарнитура и тука претпоставки и дилеми нема. Задоволни граѓани нема. Има само исплашени, казнети,
злоупотребени и изманипулирани граѓани на кои треба да им се влее малку надеж, сметаат во СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.