Browsing: ВЕСТИ
Мене ме интересира зошто името на тој човек е тајна, кога и јас бев на истата функција и сите ме знаеја, како и сите други, пред мене беше Никола Димитров и не беше тајна, му врати Стево Пендаровски на Иванов во контра-реплика
Шекеринска напомена дека во програмата која СДСМ ја нуди пред граѓаните се содржани мерки кои се во насока на враќање на средната класа и достоинството на македонскиот граѓанин
За својата изложба избрал тема што му е мошне добро позната – светските лидери. Изложбата на портретите што ги насликал Буш ќе биде отворена во неговата Претседателска библиотека во Далас, во сабота
Пред пет години и Куманово за мене даде повеќе гласови, отколку за кандидатот на опозицијата. Благодарен сум за големата поддршка и очекувам истата да се повтори. Напорно работев за да ја оправдам вашата доверба, рече Иванов на митингот во Куманово
Политичките партии ги започнуваат кампањите за предвремени парламентарни избори. Груевски ќе ја промовира својата програма на плоштадот Македонија во 20 часот, додека Стево Пендаровски во 19 30 ќе одржи граѓански собир на плоштадот Пела на кој ќе се промовираат и кандидатите за пратеници на СДСМ
Ако успееме да ја повлечеме композицијата на 13, на 27 април само ќе ја завршиме смената на власта која толку долго ја очекуваме. Не станува збор за името на кандидатот, туку станува збор за тоа дали сакаме да ја извлечеме Македонија од оваа кал во која се наоѓа со години и да ја подисправиме
Што се однесува до пречките како бојкотот сакам да им кажам на сите оние што се уште се во дилема дали да излезат и да гласаат на овие избори дека ваква состојба со еден кандидат Албанец тешко може да се повтори, рече Халими
Кандидатот на Груевски очигледно не го познава првиот член од Уставот што се однесува на надлежностите на претседателот на државата. Тој вели дека претседателот ја претставува државата и надвор и внатре, сам, рече Пендаровски како одговор на прашање зошто тој шета сам, а Иванов со министрите
Зарем државата не е народот, како тоа државата е пред се, а е дел од народот? Младите ни бегаат надвор од државата. Ова беше еден од коментарите на мештаните во општина Дебарца
Во интервју за НОВА Златко Ориѓански зборува за неговата одлука да му подари песна на претседателскиот кандидат Пендаровски, за кризата на идентитетот и влијанието на политиката врз културата и уметноста
Новинската агенција Асoшиејтед прес објави дека нивната фоторепортерка е убиена во Авганистан, а новинарка е тешко ранета
Државната изборна комисија одлучи кампањата да биде прекината на 12 и 13 април, поради првиот круг од претседателските избори