Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари се повлекува од листата на советници на министерот

1
By Менче Атанасова Точи on September 29, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 29, 2017 17:01

Министерот за здравство Арбен Таравари се повлекува од листата на Национални советници, кои треба да го советуваат министерот за разни области од медицината, потврдија од Министерството за здравство. Откако НОВА ја објави информацијата за судирот на интереси во кабинетот на министерот, од истата советничка листа се повлекуваат и неврологот, Мерита Исмаили Марку која како советник  во кабинетот на министерот за здравство,  требаше да го советува министерот од областа од неврологијата. Се повлекува и третиот, државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев кој требаше да го советува министерот од областа на Максилофацијалната хирургија. Кратко пред тоа, по објавување на информацијата Таравари коментираше на Фејсбук.

„Јас сега дознав дека сум во таа комисија и веднаш побарав да бидам одземен. Само за информација немам добиено ниту еден денар надомест“, напиша коментар под текстот на НОВА, на социјалната мрежа Фејсбук министерот Таравари.

Неофицијално, наводно министерот Таравари не учествувал во составување на листата на Национални советници меѓу кои се најдоа и имињата на тројцатата високи државни службеници. Наводно, неговиот потпис бил ставен со печат, без тој да знае. Нема потврда за ова, ниту информација дали некој ќе одговара за ваквиот потег.

Наводно, по објавување на информацијата на НОВА во кабинетот настанала збрка, при што Таравари побарал да се изземат трите имиња од списокот.

Тие се дел од листата од 21 советник кои требало да го советуваат министерот Таравари, а документот го потпишале и шефот на кабинетот Бесник Хамити и државниот секретар Владимир Милошев кој е на самата листа советници.

Секој од советниците ќе зема по 12 000 денари месечно(200 евра)или вкупно од буџетот за нив ќе се одвојуваат над 50 000 евра годишно.

Но, не само  вработените од кабинетот на Таравари, во медицинските кругови веќе се коментира и за дел од имињата на останатите советници од овој состав кои членуваат по разни комисии и управни одбори каде земаат големи хонорари.

Овие Национални советници се задолжени да ја следат имплементацијата на акциските планови по установите и да му доставуваат извештај на министерот за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.