Browsing: ВЕСТИ

Громко скандирање „Зоки, Зоки“ го дочека и кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски. Тој на присутните им порача дека ова не се избори за претседател и за пратеници во Собранието, туку избори за Македонија, на кои „ќе трчаме заедно и ќе си подаваме рака едни на други, за заедно да дојдеме на толку посакуваната цел“.

“Не одиме напред со доволно силно темпо. Сведочиме на многу делби , на црни и бели, на наши и ваши, на леви и десни. Таа поделеност не дозволува резултат. Мора да се изгради став, не против оние или овие, туку за државата и за нашиот граѓанин. “

„Системска е корупцијата во Република Македонија, која во последната фаза се нарекува држава заробена во криминал. Проблемот е во главата, не во опашката. Предлагам да ја смениме главата, за на сите останати да ни биде подобро“, им одговори Пендаровски на Штипјани.

Нашите опоненти се чини дека играат игра со нивниот претседателски кандидат. Го предлагаат Стево, а потоа си заминуваат од него. Зборуваат за промени, а кај нив нема промена. Тие на овие избори ќе нудат се и сешто, ќе се обидат да ве потценат, рече Груевски на вчерашниот митинг во Скопје

Иако на социјалните мрежи претседателската дебата беше критикувана како здодевна, НОВА направи избор од одредени делови во дебатата каде што кандидатитите развија дискусија, односно каде што имаше реплики и контра-реплики

Мене ме интересира зошто името на тој човек е тајна, кога и јас бев на истата функција и сите ме знаеја, како и сите други, пред мене беше Никола Димитров и не беше тајна, му врати Стево Пендаровски на Иванов во контра-реплика

Шекеринска напомена дека во програмата која СДСМ ја нуди пред граѓаните се содржани мерки кои се во насока на враќање на средната класа и достоинството на македонскиот граѓанин

За својата изложба ​избрал тема што му е мошне добро позната – светските лидери. Изложбата на портретите што ги насликал Буш ќе биде отворена во неговата Претседателска библиотека во Далас, во сабота

Пред пет години и Куманово за мене даде повеќе гласови, отколку за кандидатот на опозицијата. Благодарен сум за големата поддршка и очекувам истата да се повтори. Напорно работев за да ја оправдам вашата доверба, рече Иванов на митингот во Куманово

Политичките партии ги започнуваат кампањите за предвремени парламентарни избори. Груевски ќе ја промовира својата програма на плоштадот Македонија во 20 часот, додека Стево Пендаровски во 19 30 ќе одржи граѓански собир на плоштадот Пела на кој ќе се промовираат и кандидатите за пратеници на СДСМ