Browsing: ВЕСТИ

Груевски рече дека на овие избори партијата излегла со најдобро осмислената програма во досегашната историја на РМ. И не само тоа туку ја имала една од најдобрите програми во југоисточна Европа што било која партија досега ја направила

Тие ја поистоветија партијата со државата, правејќи ни ја државата политички опонент и спроведувајќи системска кражба. Граѓаните веруваат во нашиот концепт, затоа масовно да излеземе и да не дозволиме да се фалсификува волјата на граѓаните, повика Пендаровски

Жителите на Ѓорче Петров со кои се сретна заменик претседателката, Радмила Шекеринска, искажаа искрена подршка за промените, порачаа дека масовно ќе излезат на гласање, затоа што, како што велат, не сакаат нивната судбина да ја кројат “фантомски“ гласачи

Во соработка со Ромскиот образовен фонд од Будимпешта, во насока на јакнењето на свеста кај ромската популација за важноста на образованието, до сега доделени се вкупно 2.862 стипендии на ученици Роми, нагласи Јанкуловска

НСДП е уверена дека националистичката игра во која ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се повеќе се вплеткуваат може да биде трагична за Македонија и да не врати во конфликтната 2001 година, соопштува оваа партија

Лидерот на ДУИ, Ахмети, исто така, рече дека, тој и неговиот тим се уверени дека во текот на следните четири години во Владата ќе го реализираат концептот за интеграција на земјата во евро-атлантските структури, затоа што, како што рече тој, Македонија нема друга алтернатива

Сега Али Ахмети ја окупирал територијата и неговиот терор треба да запира. Треба да му кажеме дека да гласаш, значи да им се врати слободата на луѓето, рече Тачи на синоќешниот митинг на ДПА во тетовско Слатино

Затоа се градат фабрики. Затоа се градат болници и училишта. Затоа се отвораат нови работни места. Помина политиката кога го меревте политичарот колку убави зборови ви кажал. Денес политиката се мери со бројот на нови работни места

За зградата на улицата „Михаил Чаков“, за која се алармираше дека има гласачи на непостоечки адреси, граѓаните зачудено коментираа дека од зграда со три влеза се претворила во имагинарна зграда со шест влеза, во која се регистрирани гласачи кои никогаш не ги виделе, соопштува СДСМ

Додека овие се на власт, нема ни да има попис, зошто “реформаторот“ тешко дека ќе се извади од ситуацијата кога ќе се прикаже дека младите му се иселени од државата. Ќе се покаже на виделина неговата реформаторска неспособност, изјави Пендаровски

Амбиентот во државата е дека граѓаните сакаат промени. Не треба заканите и притисоците да ни го скрати правото на избор, им порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на жителите на општините Аеродром и Кисела Вода.