Browsing: ВЕСТИ
Според податоците на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов води со добиени 448.304 гласови или 51,64%, втор е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 326.069 гласови (37,56%)
Во изминатиот период бевме сведоци на масовна поддршка на опозицијата и нашиот кандидат за претседател на државата. ВМРО-ДПМНЕ исплашена од губењето на власта, преку системска кражба на гласови во деновите пред и на денот на изборите ја спречи волјата на граѓаните
-Со овој резултат граѓаните најавија што ќе се случи на 27. Добивање двојна победа и добивање на 62 мандати, изјави Иванов, идентично барање за освојување на Парламентот, како и на Груевски
Сакам да порачам дека борбата не е завршена. Уверен сум дека и во вакви услови на систематски притисок, закани и уцени, можеме да дојдеме до победа на 27-ми
Првичните резултати од претседателските избори ги коментираше и претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Јакимовски, кој изрази незадоволство во поглед на бројот на неважечките гласачки ливчиња на одредени гласачки места
Со развиорени партиски знамиња членството на ВМРО ДПМНЕ во Охрид ја прославуваше победата на нивниот кандидат за претседател на државата во првиот круг од изборите
Денеска Албанците кажаа „да“ за меѓуетничката консензуалност како концепт во Република Македонија и кажаа „не“ на едностраното владеење односно на едностраниот претседател, денеска триумфираше идејата на ДУИ, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на вечерашната партиска прес-конференција во Мала Речица
Според МОСТ, Ѓорѓе Иванов освои 53,14 %, Стево Пендаровски 38,78 отсто, Иљаз Халими 4,5 отсто и Зоран Поповски 3.58 отсто. Одѕивот на гласачите е 49,64 отсто, а неважечките ливчиња се 2,78 отсто. Овие резултати се со 95 отсто извесност, соопшти Дарко Алексов, извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ
На 79 % обработени податоци на ВМРО-ДПМНЕ: Иванов добил 381.000 , Пендаровски- 273.000. Разликата во гласови на претседателските избори е голема. Победи ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов, рече Влатко Ѓорчев, по што долго се аплаудираше во штабот на ВМРО-ДПМНЕ
„Не веруваме дека овој ден на гласање беше фер, демократски и слободен, низа од овие нерегуларности кои се провлекуваат со години назад се неприфатливи и мораме да воспоставиме нулта толеранција“, рече Дерала
Во бројка на гласови, тоа значи дека Ѓорге Иванов води пред кандидатот за претседател Стево Пендаровски со 45 илјади гласови. Или, 165 илјади гласови за Пендаровски наспроти 210 илјади гласови за Иванов
Најнови резултати од ДИК- водство на Иванов со 50, 92 %, Пендаровски- 34, 91% според записниците од избирачки места
