Browsing: ВЕСТИ
Денеска Албанците кажаа „да“ за меѓуетничката консензуалност како концепт во Република Македонија и кажаа „не“ на едностраното владеење односно на едностраниот претседател, денеска триумфираше идејата на ДУИ, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на вечерашната партиска прес-конференција во Мала Речица
Според МОСТ, Ѓорѓе Иванов освои 53,14 %, Стево Пендаровски 38,78 отсто, Иљаз Халими 4,5 отсто и Зоран Поповски 3.58 отсто. Одѕивот на гласачите е 49,64 отсто, а неважечките ливчиња се 2,78 отсто. Овие резултати се со 95 отсто извесност, соопшти Дарко Алексов, извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ
На 79 % обработени податоци на ВМРО-ДПМНЕ: Иванов добил 381.000 , Пендаровски- 273.000. Разликата во гласови на претседателските избори е голема. Победи ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов, рече Влатко Ѓорчев, по што долго се аплаудираше во штабот на ВМРО-ДПМНЕ
„Не веруваме дека овој ден на гласање беше фер, демократски и слободен, низа од овие нерегуларности кои се провлекуваат со години назад се неприфатливи и мораме да воспоставиме нулта толеранција“, рече Дерала
Во бројка на гласови, тоа значи дека Ѓорге Иванов води пред кандидатот за претседател Стево Пендаровски со 45 илјади гласови. Или, 165 илјади гласови за Пендаровски наспроти 210 илјади гласови за Иванов
Најнови резултати од ДИК- водство на Иванов со 50, 92 %, Пендаровски- 34, 91% според записниците од избирачки места
Според податоците од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, од досега пребројаните 100.500 гласови, 54.970 му припаѓаат на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, 33.900 на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски
Ацо Милчев, член на Избирачки одбор, вели утрово околу 7:30 часот во селото Смоларе во Ново Село, бил сведок на поткуп при гласањето; не успеал да го спречи, и кога интервенирал бил физички нападнат
НОВА доби фотографија со содржината на оваа СМС порака која наводно пристигнала до сите вработени во државната администрација од албанска националност, вели за НОВА вработен кому му пристигнала оваа порака.
„Им честитаме на граѓаните за високата демократска свест што ја презентираа на денешното гласање. Ова се едни од најфер, најслободните и најдемократските избори досега“ изјави директорот на Центарот за комуникации на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски
„Се надевам дека денешниов ден ќе почне и ќе заврши во демократски дух. Дека сите процедури ќе бидат испочитувани“, изјави кандидатот за претседател, Стево Пендаровски
Во Струга за претседател за државата се гласало и за Сали Бериша. На социјалните мрежи се појави ливче од избирачко место во Струга на кое е допишано и името на поранешниот албански премиер Сали Бериша, а прешкртани се имињата на останатите кандидати за пратеници
