Browsing: ВЕСТИ

Македонското и српското здружение на новинари работат на тоа, новинарот Зоран Божиновски да не биде екстрадиран во Македонија. Менче Атанасова-Точи разговараше со ќерката на Божиновски, Ана

Оланд: имам еден принцип а тоа е дека приватните работи се решаваат приватно. Ова не е ни момент ни место за тоа. Нема да одговорам на ниту едно прашање на таа тема. Тоа ќе го сторам кога на закажан термин. А тој термин е состанокот со Барак Обама на 11 февруари во САД.

Кристијано Роналдо плачеше солзи-радосници во понеделникот кога ја доби втората за него „Ballon d’Or“, но растејќи во сиромашен дел од главниот град на Мадеира, најдобриот фудбалер во светот за 2013 година често можел да се најде во истата состојба во текот на животот

Под мотото „Биди и ти вистински Василичар“, на карневалот во Вевчани на кој на спeцифичен начин се издвојува уникатноста на маските, една од пораките која го одвлече вниманието беше и „Скрши кичма – Проект на Владата на Република Македонија“

Државниот секретар на САД, Џон Кери, по разговорите со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Париз, изјави дека станало збор за можноста од примирје во Сирија, кое би се договорило на мировната конференција во Швајцарија наредната недела

Во своето отворено писмо Зола до претседателот на француската Република ја обелоденил аферата „Драјфус“, обвинувајќи ја француската влада за монтираниот судски процес и корумпираноста на судството, како и за дискриминацијата на Евреите

Есад Кочан: Системот почнува да крцка и да се распаѓа. Тесните врски помеѓу организираниот криминал и врвот на власта се толку јасни што дури ни пропагандата на режимот не може да ги сокрие. Насилството се јавува како секојдневен феномен. Се креира свет на илузии. Овој текст на Мустафа Чанка го пренесуваме од Балканскиот гласник (Courrier des Balkans).