Browsing: ВЕСТИ

За немирите во Скопје и порастот на тензиите во меѓуетничките односи за НОВА зборува Алберт Муслиу. претседател на невлединатa АДИ. Муслиу предупредува за последицитe од неодговорното политичко однеcување.

Флоријан Бибер истражувач на Институтот за југоисточна Европа од Грац на својот блог пишува за врската меѓу “Империја” , Скопје 2014 и немирите во Скопје. За НОВА ја толкува неговата теза

Тито Петковски, претседател на НСДП за договорот Груевски-Црвенковски, за следниот чекор на Груевски- решавањето на спорот на името, за идниот кандидат на СДСМ за градоначалник на Карпош ако дојде до втор круг.

Граѓаните со 450 евра просечна плата не можеа да го издржат притисокот на цените, решија да се спротистават на полтичката елита. За случувањата во Бугарија, репортажа на “Хоризонти” ХТВ.

Роберто Беличанец- Центар за развој на медиуми и Билјана Бејкова- НВО Инфо Центар: За откриените сомневања во финансиски малверзации во јавниот сервис, чии раководители се непознати за јавноста.

За посетата на комесарот Филе, ангажманот на меѓународната заедница во решавањето на кризата и ризикот на Македонија да заглави во интеграциите за НОВА зборува амбасадорот на Словачка, Роберт Кирнаг.

Како што истекува крајниот рок Белата куќа и конгресните републиканци да постигнат договор со кој би се избегнало големото буџетско кратење, Американците слушнаа многу зборови, но видоа малку на дело.