Browsing: ВЕСТИ
Само тројца кандидати за претседател имаа дебатно соочување во организација на Американскиот институт НДИ, на која не дојде претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов
Од каде го црпи правото Агенцијата да се става над Законот и над Собранието како највисок законодавен орган во Р.Македонија што го донел овој Изборен законик и од каде право на Агенцијата произволно да го толкува Изборниот законик?, прашува ВМРО-НП
За следење на претседателските и предвремените парламентарни избори досега се акредитирани 8.325 домашни и 326 странски набљудувачи, како и 222 преведувачи
Каква шапка и да ви понудат, земете ја, ставете ја на глава, но никако не менувајте го тоа што ви е во главата. Никако не менувајте го своето мислење и на 13 и на 27 април излезете и гласајте според сопственото убедување – порача Јакимовски
Бараме мандат за да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат: патот на подобриот живот, патот на слободата и демократијата, рече синоќа во своето обраќање Рената Дескоска, носител на Изборна единица 1
Илјадници граѓани се собраа вечерва на плоштадот „Пела“ во Скопје за да му дадат поддршка на СДСМ и на коалицијата, кои на големиот собир ги претставија кандидатите за пратеници и својот претседателски кандидат, Стево Пендаровски.
Иванов рече дека “насекаде во Македонија граѓаните имаат исти потреби. Од Куманово до Гевгелија, од Струга до Берово, и во Скопје и во Гостивар, граѓаните сакаат подобар живот. Граѓаните сакаат иднина за своите деца. Пред се сакаат вработување за младите”.
Зоран Заев ги посети денес Арачиново и Орланци каде што разговараше со жителите. СДСМ во сооштение пренесува дел од средбата:…
Громко скандирање „Зоки, Зоки“ го дочека и кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски. Тој на присутните им порача дека ова не се избори за претседател и за пратеници во Собранието, туку избори за Македонија, на кои „ќе трчаме заедно и ќе си подаваме рака едни на други, за заедно да дојдеме на толку посакуваната цел“.
“Не одиме напред со доволно силно темпо. Сведочиме на многу делби , на црни и бели, на наши и ваши, на леви и десни. Таа поделеност не дозволува резултат. Мора да се изгради став, не против оние или овие, туку за државата и за нашиот граѓанин. “
Според него се работи за програмата со рекорден број проекти -2046 и тоа е најобемната програма која била направена последниве 20 години, од било која политичка партија во Македонија.
„Системска е корупцијата во Република Македонија, која во последната фаза се нарекува држава заробена во криминал. Проблемот е во главата, не во опашката. Предлагам да ја смениме главата, за на сите останати да ни биде подобро“, им одговори Пендаровски на Штипјани.
