Browsing: ВЕСТИ

Кандидатот на ГРОМ за претседател на државата, Зоран Поповски, во средата одржа митинг во Охрид, а претходно оствари средби со граѓаните на Ресен, Дебарца и Струга, каде порача дека на Македонија и треба нова политичка сила

Не сме мали за големи успеси! Успеси, кои ги постигнуваме на секое поле, и во дипломатијата, и во економијата, и во земјоделството и во инфраструктурата, и во спортот, и во културата“, рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Горге Иванов

Во обраќањето пред насобраните граѓани во Тетово претседателот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека на Македонија мора да и се случат промени. Потребни се вистински промени кои ќе ја обединат земјата, народот, и ќе ја направат Македонија држава за почит

Претседателскиот кандидат на ДПА Илјаз Халими синоќа побара подршка од жителите на тетовското село Челопек. Тој, меѓу другото, истакна дека ќе биде нивниот глас и ќе почне со промени за доброто на сите граѓани

Претседателскиот кандидат на СДСМ денеска оствари средби со жителите на Ченто, Сингелиќ, Хиподром и Јурумлери, посетуваше пазари, зборуваше со минувачите, ги посети и околните дуќани

Штипјанецот Славчо Митевски води судски спор цели 17 години. Неодамна Судот во Стразбур донесе одлука, Македонија да му исплати оштета на Митевски заради судење во неразумен рок. Каде затаиле институциите? Зошто државата ги троши парите на граѓаните, наместо да ги санкционира институциите?

Од ПДП велат дека не стасале да состават листи и во другите изборни единици бидејќи не успеале да најдат, како што велат, заеднички јазик за коалицирање со другите помали албански партии, пред се НДП, во регионите на Куманово и Студеничани.