Browsing: ВЕСТИ

Кандидатот на Груевски очигледно не го познава првиот член од Уставот што се однесува на надлежностите на претседателот на државата. Тој вели дека претседателот ја претставува државата и надвор и внатре, сам, рече Пендаровски како одговор на прашање зошто тој шета сам, а Иванов со министрите

Во интервју за НОВА Златко Ориѓански зборува за неговата одлука да му подари песна на претседателскиот кандидат Пендаровски, за кризата на идентитетот и влијанието на политиката врз културата и уметноста

Кандидатот на ГРОМ за претседател на државата, Зоран Поповски, во средата одржа митинг во Охрид, а претходно оствари средби со граѓаните на Ресен, Дебарца и Струга, каде порача дека на Македонија и треба нова политичка сила

Не сме мали за големи успеси! Успеси, кои ги постигнуваме на секое поле, и во дипломатијата, и во економијата, и во земјоделството и во инфраструктурата, и во спортот, и во културата“, рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Горге Иванов

Во обраќањето пред насобраните граѓани во Тетово претседателот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека на Македонија мора да и се случат промени. Потребни се вистински промени кои ќе ја обединат земјата, народот, и ќе ја направат Македонија држава за почит

Претседателскиот кандидат на ДПА Илјаз Халими синоќа побара подршка од жителите на тетовското село Челопек. Тој, меѓу другото, истакна дека ќе биде нивниот глас и ќе почне со промени за доброто на сите граѓани

Во својот говор пред жителите на Македонски Брод, кандидатот Ѓорѓе Иванов посочи дека Македонија се сака со дела и со конкретни резултати, со посвета на иднината, со успесите во спортот, музиката, културата

Претседателскиот кандидат на СДСМ денеска оствари средби со жителите на Ченто, Сингелиќ, Хиподром и Јурумлери, посетуваше пазари, зборуваше со минувачите, ги посети и околните дуќани