Browsing: ЕКОНОМИЈА

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска се сретнаа со претставници на управата на „Еурокомпозит 11 Октомври“, на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР), на Синдикатот на вработените во компанијата и со претставници на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанијата, со кои разговараа за евентуалните решенија за надминување на проблемите, кои се таложени со години во компанијата.

Проектот за олеснување на транспортот и трговијата на Западен Балкан е дел од четиригодишната рамка за соработка на земјава со Светска банка. Рокот на отплата е 12 години со вклучен грејс период од четири години, а каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР зголемена за фиксен распон од 0,85. Сега каматата изнесува 0,6%