Browsing: АНАЛИЗА

Лицето Икс веќе нема да се вцрвенува секогаш кога на шалтер пред гужва од непознати луѓе, ќе биде прашано „дали си маж или жена„ и „зошто изгледаш како маж, кога во личната карта пишува дека си жена“.

Тоа е благодарение на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кој пресуди во корист на трансродовото лице „Икс“ кое ја тужеше Македонија поради повреда на правото на приватност и на неефикасен правен лек во земјата.

Од Здружението „Момент плус“ тврдат дека пациентите не добиле ништо од тоа што кон крајот на минатата година им го ветил министерот Филипче. За 12 пацинети кај кои болеста се третира како секундарна, односно е добиена како последица од друга болест, нема да има лекови. Меѓу нив има и деца

НОВА од свои извори дознава дека Дамчевски не ја напуштил Бугарија и се уште се наоѓа во Софија, а од колегите и од раководството на болницата бил советуван да се предаде и да оди на издржување на затворската казна

Доколку инспекторите често наидуваат на фирми кои се во т.н сива зона, работат без дозвола, не плаќаат даноци и не можат да гарантираат за квалитетот на стоматолошките материјали, се поставува прашањето во каква состојба е стоматолошката дејност и кој гарантира за здравјето на пациентите

Сухел Ахмет од Шри Ланка и Ахмет Шакир од Бангладеш, од денеска почиваат на македонска територија. По шест месеци, институциите конечно ја завршија процедурата и го одобрија погребот, а нивните посмртни останки денеска беа погребани на гробиштата во Бутел