Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По половина година институционална негрижа погребани се телата на двајцата мигранти

0
By Менче Атанасова Точи on December 14, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 14, 2018 22:39

Сухел Ахмет од Шри Ланка и Ахмет Шакир од Бангладеш, од денеска почиваат на македонска територија. По шест месеци, институциите конечно ја завршија процедурата и го одобрија погребот, а нивните посмртни останки денеска беа погребани на гробиштата во Бутел.

Двајцата мигранти загинаа на 25 јуни во сообраќајна несреќа на автопатот во близина на градот Радовиш.

„Ги повикуваме институциите да останат на патот на човештвото. Ниту едно човечко суштество не заслужува да го чека своето место за почивање, тие имаат права дури и ако не се живи. Нашите молитви се со нивните семејства. Што и да пишуваме, нема да ја утеши нивната тага. Овие две млади момчиња само сакаа подобра иднина и од денес нивното последно засолниште на овој свет ќе биде нашата Македонија“, напишаа од невладината организација Легис.

Инстуционалниот лавиринт во кој се префрлаше топката за тоа кој треба да ја преземе одговорноста за нивниот погреб траеше точно шест месеци.

Пред два дена откако обвинителката која го води случајот испратила допис со кој се потврдува дека телата се идентификувани и дека може да се погребат, Центарот за социјална работа на Скопје ја превзема одговорноста за погребот и за сите трошоци кон АД Бутел за времето додека телата биле чувани во капелата.

НОВА го откри овој случај во септември годинава, по што зема и поширок медиумски публицитет. По истражувањето на НОВА и под притисок на јавноста, по половина година телата денеска беа погребани.

За тоа време за случајот се дозна и надвор од границите на државата, а Македонија беше посочена како земја која ги прекршува човековите права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.