Browsing: КУЛТУРА

Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци” за најдобра стихозбирка на Струшките вечери на поезијата. Поезијата на Тодор Чаловски е објавувана и преведувана на повеќе јазици во одделни книги и во антологии на македонската поезија

„Мина ти, се одминавме ние, заминав јас. Минато, но не ни помина.Таму сме уште, чекајќи иднина“ -oва е наградената порака на политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани, кој е
е победник на конкурсот „Напиши љубов во 140 карактери“ на поетската манифестација „Рацинови средби“ која беше распишан за корисниците на социјалната мрежа Твитер

Од Кабинетот на Иванов соопштуваат дека признанието на „Војдан Чернодрински“ се доделува по повод 50 години од неговото постоење, особено за неговите исклучителни резултати во успешното презентирање, негување и промовирање на македонското драмско творештво

Фестивалот „Охридско лето“, како најголема и најзначајна музичко-сценска манифестација во Македонија, изминатите денови беше презентиран пред Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што заседаваше во чешкиот град Острава

Книжевниот првенец на Санта Аргирова, краткиот роман „Портрет од Дрезден“, е веројатно првиот политички трилер во македонската книжевност, но и вистинско четиво кое од нов агол, во една досега непостоечка жанровска традиција, го покажува духот на времето во Македонија

Срѓан Јаниќијевиќ: Утрото кога тргнавме за Франција се случи Куманово. Кога се разбудивме следниот ден во Каен морничаво биеа камбаните за мене и Нела. Ја оставив сопругата дома бремена и можеше да се породи секој момент во земја каде што калашниковот пак почна да „пее”

Во организација на Блесок и СловоКулт, а со поддршка од Гете Институтот и
Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка на 06.06.15, сабота, во 20 часот во кафе-книжарницата Децата од нашата улица (ул. Ленинова, Аминта Трети 29) ќе се одржи промоција на поетската книга од Михаел Кругер „После природата“ која излезе 2012. во издание на Блесок

Премиерата на новата претстава на режисерот Владимир Милчин, „Денес не напишав ни збор“, работена по извадоци од делата на Данил Хармс и „Сонот на разумот“ од Антонио Буеро Ваљехо, ќе се одржи на 11 јуни во Театарот за деца и младинци во Скопје