Browsing: КУЛТУРА

Програмата на годинашното 14-то издание на Офф-Фест е распоредена во пет богати фестивалски вечери на кои ќе настапат седум музички групи и изведувачи од три светски континенти. Офф-Фест, кој во организација на Скопскиот џез фестивал ќе ги пренесе звуците и магијата на Мали, Мароко, Јужна Кореја, Португалија и Македонија

Филмот е базиран на реални случки од урбаното секојдневие, во кое може да се препознае секој човек. Се работи за двајца пријатели, чиј живот се сведува на забава и на лесен живот. Тие добиваат понуда на брз начин да заработат пари

Поради основано сомнение за „здружено“ гласање, кое е строго забрането со правилникот на Евровизискиот фестивал кој се одржа во Виена, гласовите на Македонија и Црна Гора биле отфрлени од крајниот исход на гласањето во саботата, јави 24 Вести.

На отворениот повик распишан од 17.март до 1.мај оваа година се пријавиле шест проекти, а овогодишен добитник на наградата е истражувачкиот предлог насловен „Kолективното делување како политичка, а не организациска одлука“ на авторите Ивана Васева и Филип Јовановски

Масевски е еден од основоположниците на македонската забавна музика, а има продуцирано околу 2000 композиции. Автор е на композицијата „Последна солза“ која ја пеела Блага Видец и која се смета за прва забавна песна испеана на македонски јазик

Тесната битка се водеше меѓу претставниците на Шведска, Русија и Италија. На крајот Швеѓанецот, со интересен настап, ја извојува победата со 365 поени, пред Русинката Полина Гагарина и нејзината „Милион гласови“, која заврши со 303 бода

Легендарниот телевизиски водител Дејвид Летерман се пензионираше по последното вчерашно издание на неговата емисија Late Show, и со тоа ја завршува својата 33-годишна кариера во медиумскиот простор

На Канскиот филмски фестивал годинава учествуваат македонските „Три дена во септември“ од Даријан Пејовски и „Медена ноќ“ од Иво Трајков како и филмовите „Шишка де лукс“ и „Жената на мојот живот“, во кои Македонија се јавува како ко-продуцент

– Дадовме се од себе на сцената и верувам дека емоцијата на „Autumn Leaves” допре до публиката. Многу ми значеше и поддршката на „Merj“ во изведбата. Им благодарам на сите фанови во Европа кои гласаа за нас, рече Кајмакоски