Browsing: КУЛТУРА

Во престижната галерија „Хелен Нугаро“ која се наоѓа во непосредна близина на Богородичната црква Notre dame de Paris, во присуство на некои од најзначајните имиња на француската култура беше отворена изложбата „Адам и Ева – нов почеток“ на македонскиот скулптор Жарко Башески

Сараевскиот кантавтор Кемал Монтено, кој почина на 21 јануари во Загреб, денеска попладне е погребан на градските гробишта во Сараево. Многу познати личности од регионот присуствуваа на комеморацијата за Монтено

Кинотека на Македонија изврши дигитализација на филмскиот опус на режисерот Љубиша Георгиевски и седумте филмски проекти ги смести на ДВД издание кое ќе биде промовирано в среда, во 12 часот во киносалата на Кинотека

„Филхармонија на кирилица“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во четврток во Македонската опера и балет во 20 часот и е дел од циклусот концерти посветени на македонското музичко творештво и исполнителство

Грчкиот пејач Демис Русос почина на 68-годишна возраст во Атина. Русос продаде над 60 милиони албуми низ светот. Тој во историјата на музичката индустрија ќе остане запаметен по хитовите Forever and Ever, Goodbye, Quand je t’aime и други

Светскиот рекет број 1, Новак Џоковиќ, за кого е веќе познато дека е и еден од најинтересните забавувачи на публиката, на промоцијата на Австралија Оупен „солираше“ со светскиот музичар Кит Урбан

Хамди Рашид, Вјолца Бектеши – Хамиди, Музбајдин Ќамили, Теута Ајдини Јегени, Светлина Каба Карага и Флора Кадри на сцената ја изведоа претставата за проблемите на едно семејство кое, меѓу другото, се соочува и со проблемот на загадениот воздух

Академик Томе Серафимовски по повод 68-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, на македонската писателска асоцијација и донира портрет на големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон

По покривите на зградите и глечерите на Алпите како инвентивни тениски игралишта, некогашниот рекет број 1 во светот, Лејтон Хјуит и еден од најуспешните тенисери во историјата Роџер Федерер одиграа натпревар возејќи се во глисери