Browsing: КУЛТУРА

Замина еден од најголемите, најволшебните писатели воопшто- Габриел Гарсија Маркес, нобеловецот кој со Сто години самотија предизвика земјотрес во светската книжевност како ретко кој дотогаш. Не напуштија и актерите Филип Сејмур Хофман и Робин Вилијамс, кои со раскошниот талент ги поместуваа границите на филмската уметност и создадоа поинаков Холивуд

Американските кина велат дека компанијата Сони пикчрс одобрила прикажување на филмот „Интервју“, комедија за измислен заговор за атентат на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун, и покрај анонимните закани на интернет за напад врз кино салите за време на прикажувањето на филмот

Британскиот поп и блуз пејачот Џо Кокер почина денеска на 70 годишна возраст од рак на белите дробови, јавуваат медиумите иако неговиот агент официјално не откри која е причината за смртта

Вечерва почина актерот Васил Шишков. Шишков на македонската театарска сцена се појави во 1991 година, а има настапувано и во повеќе македонски филмови. Тој е роден 1970 година во Скопје

Викендов во Стуга ќе се одржи дискусиона сесија во насока на градење на отворено и современо општество. Струга во контекст на овој настан се поврзува како асоцијација на поетскиот сензибилитет и како реален простор во кој коегзистираат, соработуваат и се тријат националните спротивности

Во „Интервју“ станува збор за фиктивен заговор за убиство на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, кога двајца американски новинари заминуваат во Северна Кореја на интервју со Ким, но со договор со ЦИА треба да извршат атентат врз него