Browsing: КУЛТУРА

Акварел кој го насликал германскиот нацистички водач Адолф Хитлер пред сто години е продаден на наддавање на анонимен купувач за 130 илјади евра, соопшти аукциската куќа Weidler којашто ја организираше аукцијата во градот Нирнберг, иако првично за сликата се очекуваа само 4.500 евра

Во Галеријата 8 – Безистен во Старата скопска чаршија вечер ќе се отвори изложба на 30-тина фотографии од Стефан Лупино од Хрватска, еден од најпознатите естрадни и модни фотографи од поранешните југословенски простори кој е познат и на светско ниво

Во кино Милениум денеска на репертоар од програмата на „Синедејс“ филмскиот фестивал публиката со почеток во 17:30 часот ќе има можност да го погледне филмот на Мишел Гондри „Дали е среќен човекот што е висок“ во кој учествуваат самиот Мишел Гондри и Ноам Чомски

Во петок 21.ноември, бендот „Фолтин“ ќе одржи целовечерен концерт по повод третото фестивалско издание на проектот „Скопје креатива“. Концертот ќе започне во 20 часот, а ќе се одржи во Универзална сала

„Магија под месечевата светлина“ на режисерот Вуди Ален во кој главните улоги ги толкуваат Ема Стоун и Колин Фирт ќе се прикажува вечерва во кино Милениум како дел од филмскиот фестивал „Синедејс“ во 22:30

Попусти и многу забава надополнети со фото конкурс за избор на детски лица за календарот на Скопје Сити Мол за 2015 година – „Биди ѕвезда во 2015” е дел од четвртиот Саем за деца во Скопје Сити Мол кој ќе се одржува од утре до 23-ти ноември