Browsing: КУЛТУРА

Во Галеријата 8 – Безистен во Старата скопска чаршија вечер ќе се отвори изложба на 30-тина фотографии од Стефан Лупино од Хрватска, еден од најпознатите естрадни и модни фотографи од поранешните југословенски простори кој е познат и на светско ниво

Во кино Милениум денеска на репертоар од програмата на „Синедејс“ филмскиот фестивал публиката со почеток во 17:30 часот ќе има можност да го погледне филмот на Мишел Гондри „Дали е среќен човекот што е висок“ во кој учествуваат самиот Мишел Гондри и Ноам Чомски

Во петок 21.ноември, бендот „Фолтин“ ќе одржи целовечерен концерт по повод третото фестивалско издание на проектот „Скопје креатива“. Концертот ќе започне во 20 часот, а ќе се одржи во Универзална сала

„Магија под месечевата светлина“ на режисерот Вуди Ален во кој главните улоги ги толкуваат Ема Стоун и Колин Фирт ќе се прикажува вечерва во кино Милениум како дел од филмскиот фестивал „Синедејс“ во 22:30

Попусти и многу забава надополнети со фото конкурс за избор на детски лица за календарот на Скопје Сити Мол за 2015 година – „Биди ѕвезда во 2015” е дел од четвртиот Саем за деца во Скопје Сити Мол кој ќе се одржува од утре до 23-ти ноември