Browsing: КУЛТУРА

„До Балчак“е романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Режисер на филмот е Столе Попов, а сценариото го напиша Горан Стефановски

Под мотото „уметност, јебга..! страдај за убаво, слушај си ја душата!“ на 19 септември од 10 навечер, во МКЦ Клуб ресторан, Блесок организира промоција на „Песни од големата соба“ од Игор Исаковски, како и на „Купидона и други драми“ од Срѓан Јаниќијевиќ

Со музика, вино и дружење, скопската Општина Центар го отвори просторот резервиран за боеми. Боемската улица е пешачка зона, на која кафеанџиите, уметниците и сите кои имаат добра идеја ќе можат да го искористат како уникатно катче за организирање настан

24-годишниот актер, Вилдан Максути, го доживува најголемиот успех во неговата актерска кариера во Белгија. Тој имал само 10 години кога неговите родители заедно со него се преселиле во Блекенберг

Директорката на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ преку писмено соопштение до медиумите реагира на утринскиот инцидент на прес- конференцијата за филмот „До балчак“, на која режисерот Столе Попов го нарече отворањето на овој фестивал „селска манифестација”

Во нејзината кариера се запишани имињата на едни од најдобрите режисери, пред кои никогаш не се плашеше да каже „не“. Наместо црвениот тепих, за Бинoш борбата за еднаквост и унапредување на човековите права е многу поважна, а импресивниот знак на солидарност честопати го докажува и на низа демонстрации во кои учестувала, многупати и рамо до рамо со новинарите како силен поддржувач на организацијата „Репортери без граници“

Краток хорор филм во режија на Ана Јакимска која заедно со Бранко Костески е и автор на сценариото базирано на легенда дека зградата на Филозовскиот факултет и изградена на локација каде што порано биле гробишта.

По навршени 20 години од премиерата на „Пред дождот“ македонскиот режисер Милчо Манчевски е и добитник на овогодинешната награда за „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ од Друштвото на филмски професионалци на Република Македонија

Организаторите најавуваат будење со стиховите на Лори кои ќе ви ги понудат Ирена Ристиќ, Верица Недеска-Трајкова, Румена Бужаровска, Тања Сладиновска, Александар Донев и Горан Станковиќ (специјален претставник од „Санаториум“)