Browsing: КУЛТУРА

Есеистичкиот доскурс е збогатен со илустративен оддел на поетските светови на Евгенија Шуплинова, Даница Ручигај и Радмила Трифуновска, во кој свое место имаат антологиските песни на авторките

Сина морнарска маичка со бели пруги, црна вратоврска пеперутка и долг клун – така изгледаше Пајо Паторот на неговиот прв настап. Тој имаше само споредна улога во цртаниот филм во должина од седум минути „Паметното мало пиле“ кој беше емитуван за првпат на 9. јуни 1934 година

Бинг Крозби, пејач за кој се смета дека е основоположник на популарната музика во САД, кој ја надминал бројката од половина милијарда продадени грамофонски плочи, пејач кој само една песна продал во преку сто милиони примероци

Книгата ,,Бошњаците во Македонија во текот на ХХ век со посебен акцент на културата и просветата’’ од авторот проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ е резултат на обемна истражувачка работа и активност на д-р Рамчиловиќ кој се осмели да ги истражи и расветли историските појави и процеси врзани за Бошњаците во Македонија

Легендарниот ДЏ Михаил Мице Бошковски пишува за човекот кој ја пишуваше историјата на американскиот џез, Бени Гудман. Но, она што ретко кој го знае е фактот дека Macedonia Lullabay, всушност претставува обработка на македонската народна песна „Не си го продавај Кољо чифликот“

На сцената на Домот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, на првата полуфинална вечер на фестивалот „Макфест 2014“ се претставија 15 изведувачи од кои само девет продолжуваат во финалето. Меѓу нив на врвот на листата со најубедливо водство се најде штипјанецот Јоце Панов.

Oд таа колекција, по смртта на Бени Гудман се издадени повеќе дигитални изданија. На едно такво издание насловено како „The Yale University Music Library, Volume 1“, се наоѓа насловот „Macedonia Lullabay“, што всушност претставува обработка на македонската народна песна „Не си го продавај Кољо чифликот“

Под мотото „За да ви се преврти умот. Нежно како ракавица“, издавачката куќа Блесок ќе ја промовира книгата собрани драми од Срѓан Јаниќијевиќ „Купидона и други драми“ на 4 јуни во 21:30 во МНТ. Влезот е слободен.

Во интервју за НОВА ТВ, познатиот словенечки музичар Зоран Предин зборува за златните денови на бендот, ја коментира балканската сплотеност во тешки ситуации, но и статусот на уметниците во контекст на политичките случувања.