Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гранде Доменико – „Таткото на италијанската канцона“

0
By Нова ТВ on July 15, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 15, 2014 11:51

Автор: Михаил Мице Бошковски

Развојот на италијанската забавна музика по Втората светска војна, главно почнува со создавањето на Фестивалот Сан Ремо (1951), кој во својот полн наслов гласи: „Сан Ремо – фестивал на италијанската канцона“. Значи, уште на стартот дава до знаење дека тоа ќе биде смотра на постигнувањата на италијанските композитори на полето на лесните ноти. Познато е дека на фестивалите се натпреваруваат композиторите со своите песни, тие ги добиваат наградите, а пејачите обично ја користат шансата да се стекнат со поголема популарност.

Фестивалот одлично си ја врши својата функција и е вистински музички и гламурозен настан и до ден денеска. Покрај тоа, по урнек на овој фестивал во 1956 г. е создадена и Евровизија, како и многу други фестивали на поранешните ЈУ простори, меѓу кои е и Скопскиот фестивал (1968).

Нагла промена, во позитивна смисла, фестивалот доживува од 1955 г. кога покрај на радио, почнува да се пренесува и на телевизија и тоа не само во Италија, туку и во повеќе други земји. За развојот и популаризацијата на фестивалот, придонесува и појавувањето на првиот кант-автор во Италија – Доменико Модуњо.

Тој за првпат учествува на фестивалот во 1958 година и победува со песната „Nel blu dipinto di blu“ („Сино обоено во сино“), или позната како „Volare“ („Летање“). Алтернативната изведба ја испеа Џони Дорели. Авторството на оваа песна го дели со познатиот текстописец Франко Миљачи.

Се чини дека оваа песна ги прослави и фестивалот и посебно Доменико Модуњо, кој стана ѕвезда од светски размери. Шеесетина пати го леташе Атлантикот. „Воларе“ стана светски хит. Во САД доживеа огромен успех..

Оствари тираж од преку десет милиони копии и доби две награди Греми за плоча на годината и за песна на годината.Тоа резултира и со неколку повеќемесечни турнеи по Северна и Јужна Америка и во многу други земји.

Песната е преведена на повеќе јазици и снимена во разни аранжмани. Единствен неуспех доживеа на „Евровизија“. Познато е дека од 1956 г. до 1966 г., 1972 г. и 1997 г. на „Евровизија“, како претставници на Италија учествуваат победниците на „Сан Ремо“. Иако се смета дека „Воларе“ е најголемиот хит во светски размери што бил изведен на „Евровизија“, го освои само третото место.

Доменико Модуњо победува уште три пати на „Сан Ремо“, а учествува вкупно 11 пати. Во следната 1959 г. повторно во алтернација со Џони Дорели победуваат со песната „Piove“ („Врне“), или позната како „Чао чао бамбина“ ( 6-то место на „Евровизија“), 1962 г. во алтернација со Клаудио Вила победуваат со „Addio addio“ (9-то место на „Евровизија“ во интерпретација на К. Вила) и во 1966 г. во алтернација со Џиљола Чинквети (без бодови, последно место на „Евровизија“). Очигледно, песните на Модуњо не беа по мерка на евровизиската публика.

Крајот на 50-тите и 60-тите беа најплодни за Модуњо на музички план. Критичарите го нарекоа „татко на италијанската канцона“ и со право, бидејќи со неговото појавување нагло пораснаа тиражите, а дискографската продукција и шоу бизнисот воопшто, прерасна во моќна индустриска гранка.

Доменико Модуњо – Мими е роден на 9. 1. 1928 г. во селото на белите куќи Полињано а Маре, во близината на Бари, во куќа со поглед на море (како што имаше обичај да каже). Уште од раното детство покажува интерес за музиката и ги совладува тајните на хармониката и гитарата. На 15-годишна возраст jа компонира својата прва композиција, а на 19 години го напушта домот.

Тој всушност е дипломиран актер, кој паралелно со музиката се занимава и со театар и филм. Има остварено поголем број на разновидни улоги во кои често пее, но со ниедна не ја доживеа славата што ја постигна како кант-автор.

Во последната фаза од неговиот живот навлезе во немирните води на политиката. Како многу популарен и омилен актер и пејач, во 1987 г. успеа да влезе во италијанскиот парламент како член на радикалната партија. Во текот на неговиот мандат познати се неговите заложби од социјалната сфера, посебно изразени во борбата за подобрување на животните услови на штитениците во психијатриските болници.

Доменико Модуњо беше темпераментен и многу вреден човек. Сними 38 играни филмови, околу 230 песни и 30 албуми. Целосно и безрезервно и се предаваше на секоја работа што ќе ја прифатеше. Тоа му се одрази на здравјето.

Умре како последица од инфаркт на 6. 8. 1994 г. на островото Лампедуза, во куќа каква што сакаше – со поглед на море. Имаше 66 години. Неговиот син Масимо Модуњо роден во 1966 г., тргна по неговите стапки. Забележа две учества на „Сан Ремо“ и стана актер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.