Browsing: КУЛТУРА

По повод својот 23-ти роденден, музичкото радио Канал 103 организира роденденска дружба во чест на македонската независна музичка сцена. Во среда, 30-ти април, во 18 часот, ќе се случи слободен настан во МКЦ на кој ќе присуствуваат повеќе генерации Стотројкаши

Сега е полесно од кога и да било да се видат најновите видеа од Северна Кореја, благодарение на неколку ЈуТјуб канали кои се појавија во последните неколку години. Еве ја листата на некои од најдобрите канали на Северна Кореја на YouTube

Во вторник, 29 април, 2014 г. – Светски ден на танцот, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс

Една француска туристка во Њујорк, поминувајќи кај станицата Гранд Централ во Манхатан згогледала еден постар човек како копа во кантите за ѓубре. Нејзиното добро срце и наложило да му помогне и му дала едно парче пица. Жената не сфатила дека пицата му ја дала на Ричард Гир кој токму таму го снимал најновиот филм.

Конституирано е новото претседателство на Друштвото на писателите на Македонија. За секретар на ДПМ за активности во земјата е избран Панде Манојлов, а за секретар за меѓународна активност Кочо Топузоски.

Во тематската антологија на светската поезија која неодамна излезе од печат во Србија под насловот „Не се сите болести за мене“, објавени се избрани песни на македонските поети Конески, Андреевски, Урошевиќ, Павловски, Ѓузел…

Издавачката куќа Готен, во соработка со Здружението за култура и развој на креативни индустрии од Струмица, ќе одржи книжевна вечер со Андра Ротару, поетеса од Романија, која што е прва гостинка на книжевната резиденција „Апсолутно модерен“

Во киното „Фросина“ во недела (27.04.2014) со почеток од 20 часот премиерно ќе биде прикажан краткометражниот документарен филм „Мизар – ѕвезда на надежта“ во рамките на „Скопски филмски фестивал“ во вечерта посветена на студентските филмови изработени од студентите на Факултетот за драмски уметности – Скопје

Вечерва во 20 часот, во киното Милениум во Скопје, со премиерно прикажување на рускиот филм „Сталинград“ на Фјодор Бондарчук, започнува 17-тото издание на Скопскиот филмски фестивал. Филмот на Бондарчук е авторска екранизација на една од најкрвавите битки во историјата во која загинаа 2 милиона луѓе