Browsing: КУЛТУРА

Денеска се навршуваат 106 години од раѓањето на француската писателка и филозоф Симон де Бовоар. Таа како истакнат современ феминистички писател е автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзистенцијализмот. Автор е на делото „Вториот пол“

Годинава концертот е насловен како „Филмски ноти“, што значи дека ќе бидат изведени познати музички нумери од популарни филмови, во изведба на врвни оперски солисти и естрадни ѕвезди, хорот и оркестарот на Македонската Опера и Балет

Оваа куќа како од бајките чини само 3.600 евра. “Ако ги следиме соништата тоа ги прави нашите души живи” изјавил Симон Дејл, уметник од Велс кој ја изградил оваа куќа пред три години за да живее во неа со неговата сопруга и двете деца.

Холивуд викендов се пресели во Палмс Спрингс, на тамошниот меѓународен филмски фестивал. Меѓу почестените: ветеранот Брус Дерн за „Небраска“ и Том Хенкс за „Капетанот Филипс“. Камерата ги улови и Мерил Стрип и Сандра Булок.

Филмскиот магнат Ран Ран Шо (Run Run Shaw), главна фигура во филмската индустрија во Азија, почина на возраст од 107 години. Беше основач на Shaw Brothers Studios, кои произведоа речиси 1.000 филмови и кунг фу жанрот го претворија во мејнстрим

Ени Ленокс и Дејв Стјуарт ќе настапат заедно на манифестацијата “Ноќ што ја измени Америка: Греми им салутира на Битлси”, кој ќе биде снимен во текот на ноќта по доделувањето на Греми наградите, на 27 јануари во Лос Анџелес