Browsing: КУЛТУРА

Новиот филм „Апартман“ на Теона Митевска ќе учествува на копродукцискиот маркет „Синелинк“ на Сараевскиот филмски фестивал од 16 до 24 август. Филмот, чиј продуцент е Лабина Митевска, е меѓу 16. одбрани проекти врз база на авторскиот потенцијал

Четвртото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, годинава ќе се одржи од 15. до 21 јуни во Старата скопска чаршија. Публиката ќе има можност да погледне вкупно 27 остварувања од светската документарна продукција

На конференцијата на македонскиот ПЕН центар за слободата на зборот, турската писателка презентираше податоци за затворени писатели и новинари во нејзината земја. Поранешниот претседател, Башевски говореше за замолчувањето на медиумите во Македонија

Издавачката куќа Готен, во соработка со мрежата Традуки, ги покани авторите и преведувачите од Југоисточна Европа да се пријават на првата резиденцијална програма за книжевници „Скопје 2013“ под мотото „Апсолутно модерен“

Турскиот писател и нобеловец, Орхан Памук им се придружи на демонстрантите на Таксим. „Менувањето на ликот на плоштадот Таксим без за тоа да се прашаат луѓето – е најголемата грешка на администрацијата на Ердоган“, пишува Памук

Утре во Скопје почнува четиринаесеттата регионална конференција на Македонскиот ПЕН-центар, на која, освен домашните автори, ќе учествуваат и дваесетина писатели од регионот. Темата на конференцијата е „Зборот и слободата“