Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: КУЛТУРА
Светски познатиот баритон Дмитри Хворостовски од Русија ќе настапи на отворањето на годинешното 53. Охридско лето на 12 јули во Античкиот театар
Хип-хоп екипата на „Зад Аголот“ на вечерашниот концерт ќе го презентира сето она што го најавуваше изминатиов период, спакувано во настап со специјално сценарио
И покрај тоа што интернетот нуди електронски изданија, печатените книги и понатаму остануваат интересни за младата популација. Се купува главно кога книгите се на попуст, а во делот на жанровите нема ограничувања
Книгата „рН неутрална историја“ на македонската писателка Лидија Димковска се најде на листата на шест најдобри поетски книги преведени на англиски јазик во САД, која минатата година ја објави американската издавачка куќа „Копер Кенјон прес
Со претставата „Надеж. Вечер со Бетовен“ на Државната опера и балет од Анталија, Турција, а во режија и кореографија на Рисима Рисимкин утревечер во Македонската опера и балет ќе биде отворено деветтото издание на „Танц фест“.
Скулптурата „’Ртење“ на авторот Драган Поповски – Дада се уште стои фрлена во близина на Музејот на град Скопје, меѓу шутот што го нагрдува околниот простор
Шест бронзени скулптури-минијатури и 80 графики (бакрописи и литографии) на големиот англиски уметник на 20 век Хенри Мур, ќе можат да се видат во Музејот на современа уметност, на изложба што ја организира Британскиот совет во Македонија
Најпосетениот музеј во светот, парискиот Лувр, е повторно отворен за посетителите, откако вработените протестираа поради големиот број кражби
Џино Јевѓевиќ: „Култур Шок“ не пее за скршени срца и цвеќиња, туку за секојдневната егзистенција и вербата дека може да биде подобро. Или полошо
Наградуваниот македонски хармоникаш Александар Коловски, вечервa, ќе настапи како солист на концертот на Македонската филхармонија од циклусот „Лауреати“, што ќе го води германскиот диригент Андреас Вајзер
Како да се открие што мислат муштериите? Што, како и каде сакаат да купуваат?Од серијата „Научна нација“, ве запознаваме со нов софтвер, маркетинг средство што го дешифрира однесувањето на купувачот меѓу полиците во продавницата
Екс фронтменот на легендарните „Underworld“ и ди џеј ѕвездата Дарен Емерсон води исклучително здрав живот. За неговиот настап во Скопје, тој ја испрати неговата листа на барања, едно од нив се однесува на облеката на возачот