Можен прекин на гласањето во 3 избирачки места во Битола

Во Битола е можно прекинување на гласањето заради поројните дождови, јавува ТВ Тера. Претседателот на ОИК Зоран Насев, изјавил дека чекаат став на Државната изборна комисија, за тоа дали ќе биде прекинатото гласањето на три избирачки места во Битола

Жители од Пустец гласале во Центар

Информации кои што пристигнуват од речиси сите избирачки места во општина Центар говорат дека во последните два часа од гласањето евидентно е организирано „излегување“ на фантомските гласачи од Пустец, информираат за НОВА од една политичка партија

Струга: Два инциденти регистрирала МВР

Секторот за внатрешни работи од Охрид регистрирал две прекршувања на изборниот процес: приведен е еден албански државјанин, кој се обидел да гласа и отстранет е еден набљудувач

Кандидат од Ресен: Ако продолжат притисоците се повлекувам

Кандидат за градоначалник на Ресен поднесе приговор до ДИК, МВР и ОБСЕ за насилни притисоци врз гласачите, како и жители од Мала Преспа со автобуси на кои им се делат прехрамбени продукти за да гласаат. За НОВА изјави: доаѓаат конвои од Мала Преспа за да гласаат

МОСТ: Неправилности, прекини во гласањето и семејно гласањe

Набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ од почетокот на гласањето за вториот круг на локалните избори, што се одржуваат денеска, евидентирале неправилности со прекин на гласањето, случаи на семејно гласање

Семејно гласање во Кочани (Видео)

Камерата на НОВА регистрираше семејно гласање во Кочани, во избирачкото место со број 845 во ромското маало. Иако гласањето се одвиваше на очиглед на целата изборна комисија, немаше никаква реакција од надлежните

Драматичен изборен ден во Кочани

Во Кочани биле приведени шест лица на информативен разговор. Пет од нив по извршениот разговор се пуштени на слобода а едно лице е задржано во притвор