Published: Sunday, February 15, 2015 14:38
Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски ја отфрлил кривичната пријава против Зоран Ставревски, вицепремиер за финансии, откако го замолила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, обвини СДСМ. Тие емитуваа тонски разговор помеѓу Ставревски и Јанкулоска каде што министрите разговараат за овој проблем на Ставревски.
– Му реков види те молам подзабрзај ја работава, ќе почне во собрание дебата за буџет, па барем една работа помалку да имаме. Не му реков директно, но он знае што значи тоа. Ми рече тоа што ми даде задача завршено, вели Јанкулоска во аудиото.
Ништо не е случајно, па ни унапрдувањето на Марко Зврлевски. Послушноста на Зврлевски како јавен обвинител во организиран криминал го однела чекор понапред, рече Заев.




