Browsing: ПОЛИТИКА

„Загрижен сум дека овие закони би биле употребувани да ги замолчат критичките мислења на медиумите“, вели генералниот секретар на СЕЕМО, Оливер Вујовиќ. „Властите во Скопје треба да предложат закони кои целосно се во согласност со меѓународните стандарди, а со овие предлози тоа не е случајот“

Претседателот на Комисијата 24 декември Давитковски чека да се согласат на средба со него лидерите на двете страни, Груевски и Заев, за да дојде до позитивно решение, изјави Давитковски за НОВА. Рокот е пролонгиран до вторник, што е барање на Брисел

– Вчера ми се јавија неофицијално и ми кажаа дека се продолжува притворот на мојот сопруг. Ова е терор што се случува со мојот сопруг. Човекот од стресови заработи здравствени проблеми и две години одеше на терапии, изјави за НОВА, Кежаровска

Кривичниот суд Скопје 1 вчера во истражниот затвор во Шутка му доставил решение на новинарот Томислав Кежаровски во кое пишува дека судот по четврти пат му ја продолжува мерката притвор за уште 30 дена

„СДСМ уште еднаш нема да прифати криминални избори и ќе инсистира на прифаќање на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, како и измени на Изборниот законик и прочистување на Избирачкиот саписок“, истакна Заев

Груевски ќе биде запаметен како премиер кој на најдрзок можен начин го крши Уставот на Република Македонија исполнувајќи ја својата алчна потреба за пари, за време на криза и сиромаштија, рече Заев

Поранешниот американски пратеник на Балканот, Даниел Сервер вели дека ќе има малку повеќе напредок ако меѓународната заедница се повлече и ги принуди Атина и Скопје директно да се занимаваат со спорот за името

Античката колонада во Скопје сепак ќе се гради. Иако пред неколку месеци, новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски, прогласи мораториум за објектите од Скопје 2014, сепак тоа не е така лесно кога станува збор за нешто веќе потпишано, а чија изработка е платена

Комисијата и денеска продолжува со работа: Останува спорнo и се уште не е утврдена повреда на Уставот при исфрлањето на новинарите од собраниската галерија, за што сеуште нема договор меѓу двете спротивставени страни СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ