Browsing: ПОЛИТИКА

Железничкиот внатрешен сообраќај од попладнево е во прекин како резултат на незадоволството од нередовната исплата на платите и здравственото осигурување, изјави претседателот на Независниот синдикат на машиновозачите при МЖ Транспорт, Латко Јовановски.

Ризиците, но и опасностите од користењето на социјалните мрежи, како и механизмите за реакција кога приватноста е нарушена беше целта на предавањата во неколку скопски училишта, по повод Европскиот ден за заштита на личните податоци.

Средношколците не се вклучени во одлучувањето во училиштата и не се застапени во нивните органи, а работите одат до таму што многу често професорите назначуваат претседатели на класовите, без учениците да имаат можност да пуштат глас.

Претседателот на СДСМ, Бранко Црвековски ја отфрли иницијативата на претседателот Иванов за формирање непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември.

Со паролите „Долу режимот“, „Грујо оди си“, „Стоп за диктатурата“, „Во Македонија нема да има тиранија“, здружената опозиција го изрази неззадоволството за како што велат убивањето на демократијата и слободата.

Секој има право да протестира ако смета дека треба, но оние што денес протестираат не им е првпат својот револт или омраза кон поединци или политичка нетрпеливост да го проектираат на институции што е една лоша и недолична практика

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, донесе одлука да поведе иницијатива за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година.