Browsing: ПОЛИТИКА

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најавуваат дека во недела ќе организираат голем протестен марш низ улиците на Скопје под мотото “Марш за вистината против партиско- полициската држава”

Како што дознава НОВА еврокомесарот на проширување Филе на вчерашните средби со претседателот Иванов, премиерот Груевски и лидерот на СДСМ Црвековски во Скопје побарал одлагање на локалните избори.

На левата страна на Вардар фирмата “Фаланга Дим” почна да ја поставува првата античка галија. Местењето на конструкцијата на првата од предвидените четири галии ги задржа погледите на граѓаните повеќе од вообичаенто.

Поради немање кворум, односно потребното дво-третинско мнозинство Парламентот не можеше ниту денеска да им ги верификува оставките на двајцата членови на Лустрациска комисија кои беа претставници од опозиционата СДСМ.

Според македонското собрание, пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски, во својот говор пред Советот на Европа, вчера изнел невистини и дисквалификации за случувањата на 24 декември минатата година.

Евро-комесарот за проширување Штефан Филе како еден вид олеснувач на кризата се вклучи директно во процесот на решавањето на политичката криза. За време на денешниот ненајавен престој во Скопје Филе имаше одвоени средби со премиерот Груевски и лидерот на СДСМ Црвенковски.

Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да го продолжи пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, но притоа од текстот на резолуцијата го избриша македонското малцинство.

Сакаме да видиме конкретен прогрес за сите земји-кандидати, вклучувајќи ги и потенцијалните, порача шефот на дипломатијата на Ирска Имон Гилмор пред Комитетот за надворешни прашања на Европскиот парламент.

Двајцата пратеници на опозиционата НДП по едно месечен бојкот се вратија во парламентот. Нивниот предлог за основање на анкетна комисија за случувањата на 24 декември се легитимни и за владеачката ДУИ.