Browsing: СПОРТ

Првото финале во клупската историја репторси го осигураа по победата над Милвоки со 4:2 во завршната серија во Источната конференција. Решавачкиот триумф го остварија ноќеска со 100:94 и на тој начин ги елиминираа бакси кои имаа 2:0 по двата воведни меча. „Вориорси“, пак, кои се бранители на тронот, во западното финале го „исчистија“ Портланд со 4:0.Големото финале во НБА лигата почнува во четврток, Торонто е домаќин на првата средба

Турчинот ќе остане на функцијата до 2023 година, откако во финалниот круг на гласање го победи Белгиецот Сирил Куманс со 27:23. Во трката учествуваше и генералниот секретар на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Дејан Томашевиќ кој со 11 гласа не успеа да го мине првиот круг

„Само да сме здрави, а кога сме здрави можеме на највисоко ниво и против секого“, порача селекторот на фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски кој повика 23 играчи за дуелите со Полјаците на 7 јуни и со Австријците на 10 јуни на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Дел од нив во базата во главниот град веќе во понеделник, официјалниот старт на подготовките е закажан на 3 јуни

Одлуката на комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е конечна и доаѓа како последица на неисчистените долгови што раководството на клубот ги има кон играчите и стручниот штаб и покрај најавата на УЕФА во декември лани за двегодишна суспензија на вардарци. Покрај нив, европска виза не доби ниту Победа која во наредната сезона ќе се натпреварува во Втора лига

Струмичани во финалето на 27. издание на натпреварувањето ја поразија Македонија Ѓ.П. по подобро изведување на пенали со 4:2. Победник немаше во регуларниот дел (2:2), а мрежите мируваа и во двете продолженија по 15 минути

Легендарниот аргентински фудбалер е уапсен на аеродромот во Буенос Аирес на враќање од Мексико каде е тренер на второлигашот Дорадос, но експресно ослободен. Тужба против него поднесе неговата поранешна девојка Росио Олива со која шест години беше во врска

Рускиот гигант во финалето на Фајналфор турнирот во Виторија славеше над Анадолу Ефес со 91:83 (по четвртини: 29:20, 15:22, 24:20, 23:21) за осма континентална титула. Наградата за МВП на завршниот турнир ја доби Вил Клајбурн од редот на „армејците“. Рекордер во натпреварувањето по бројот на освоени трофеи е Реал Мадрид со десет.