Browsing: СПОРТ

Хамилтон и Ботас повторно недопирливи за конкуренцијата, овојпат за ГН на Шпанија по која на највисокото место на подиум со искачи Британецот кој го презеде и водството во генералниот пласман. Наредна станица во Формула 1 сезоната е Монако и ГН на Монте Карло на 26 мај

Клубот од предградието на Валенсија го обезбеди опстанокот на коло до крај на шпанското фудбалско првенство по денешниот гостински триумф над Џирона со 2:1. И тоа на крилја на македонскиот репрезентативец кој ги одигра сите 90 минути и негово дело беше победоносниот во 86. минута по асистенција на Хозе Кампања

Тимот од Автокоманда во финалето на Фајналфор турнирот во Куманово ги совлада „црвено-црните“ на пенали со вкупни 33:32. Мечот во основниот дел заврши 29:29, на полувреме беше 12:16 за вардарци. Во женското финале, кумановски го поразија ЖРК Вардар со 24:22

Во полуфиналните дуели, рускиот претставник го совлада Мец со 27:25 (полувреме: 15:8), а бранителот на титулата беше подобар од норвешки Вајперс Кристијансанд со 31:22 (полувреме: 18:8). Големото финала е утре попладне (18 ч.), од 15.15 ч. ќе се одигра и мечот за бронзен медал

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација се изјасни виновен пред надлежен судија и призна дека разговарал на мобилен телефон додека го управувал неговото „бентли“ во ноември во 2018 година

„Сините“ по подобро изведување на пенали го елиминираа Ајнтрахт Ф. со 4:3 по нерешените 1:1 во основниот дел во Лондон како што заврши и дуелот во Франкфурт додека Арсенал и на „Месталја“ ја совлада Валенсија со 4:2

Тренерските великани Ивковиќ, Новосел, Тањевиќ, Маљковиќ, југословенските кошаркари од повозврасната генерација како Данеу, Шолман, Тврдиќ, Георгиевски, Радосављевиќ, Плеќаш, Јерков, но и помладите како Раѓа, Томашевиќ, Наумовски, Јанакис, Гечевски, итн. ја збогатија прославата на 80. роденден на македонската кошаркарска легенда во Скопје