Browsing: СПОРТ

„Граѓаните“ славеа со 6:0 на „Вембли“ и станаа први во англиската фудбалска историја што ги комплетираа сите домашни фронтови. Претходно го освоија пехарот во Комјунити шилд, во февруари Лига купот, минатиот викенд Премиерлигата, а сега и националниот куп. Шест гола во мечевите за титула во ФА купот досега имаа постигнато уште Блекбурн во 1890 година и Бјури во 1903 година

Српскиот тенисер во полуфиналето го елиминира Диего Шварцман од Аргентина со 6:3, 6:7, 6:3 додека Шпанецот во два сета беше подобар од Стефанос Циципас со 6:3, 6:4. Во женското финале на турнирот ќе играат Џоана Конта и Каролина Плишкова

Сопственикот на клубот, Јоргос Агелопулос во текот на денот ги извести играчите и стручниот штаб за новонастаната ситуација која уште повеќе ги подгрева гласините дека редовниот учесник во Евролигата од наредната сезона ќе се приклучи во регионалното кошаркарско друштво

„Пиварите“ од Истанбул во полуфиналето славеа со убедливи 92:73 и во мечот за титула ќе играат со победникот од вечерашниот дуел на Реал Мадрид и ЦСКА Москва што почнува во 21 часот