Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На македонски погон: Барди го задржа Леванте во Примера (Видео)

0
By Нова ТВ on May 12, 2019 СПОРТ
Фото: mexico.as.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 12, 2019 21:39

Леванте и во наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Примера. Клубот од предградието на Валенсија го обезбеди опстанокот на коло до крај на шпанското фудбалско првенство по денешниот гостински триумф над Џирона со 2:1. И тоа на крилја на Енис Барди. Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути и негово дело беше победоносниот во 86. минута по асистенција на Хозе Кампања. Домашните поведоа во 60. минута преку Кристијан Стуани, две минути подоцна израмни Хозе Моралес.

За Барди ова е трет гол во сезоната во Примера. Погоди и во минатото коло во убедливата победа над Рајо Валјекано со 4:1, а во есенскиот дел реализира и против Хетафе.

https://www.youtube.com/watch?v=DFfBqmIsDdc

Џирона, пак, со денешниот пораз остана на 37 бода и се сели во Сегунда. Во последното коло ќе гостува кај екипата на Алавез, а Селта, која е прва над зоната за испаѓање со 40 бода, го дочекува Рајо Валјекано кој заедно со Уеска се нови второлигаши во Шпанија. Леванте во последната рунда ќе игра против Атлетико Мадрид пред своите фанови.

Покрај третиот патник во Сегунда, како дилема за последното коло останува и четвртиот патник во Лигата на шампиони. Во фотофиниш влегуваат Валенсија и Хетафе.

Екипата од „Месталја“ попладнево го совлада Алавез со 3:1, а Барселона, очекувано, славеше над Хетафе со 2:0.

Претпоследното коло донесе нова бламажа на Реал Мадрид. Реал Сосиедад триумфира над „кралевите“ со 3:1. Тимот на Зинедин Зидан поведе со голот на Брахим Диаз во шестата минута по што следуваше пресврт на стадионот „Аноета“. Фудбалерите на Сан Себастијан израмнија преку Микел Мерино во 26. минута, а до одморот не успеаја да реализираат пенал (Хозе Вилијан бешпе непрецизен од белата точка во 26. минута).

Реал Мадрид во финишот на првото полувреме остана без исклучениот Жезус Валјехо, па бројчаната предност на тревникот ја искористија домашните во вториот дел и со головите на Жозеба Залдуа во 57. минута и на Беренечеа Мугуруза во 67. минута дојдоа до три бода против угледните гости од главниот град.

Примера, 37 коло

Атлетик Билбао – Селта 3:1

Атлетико Мадрид – Севилја 1:1

Барселона – Хетафе 2:0

Бетис – Уеска 2:1

Џирона – Леванте 1:2

Легањес – Еспањол 0:2

Рајо Валјекано – Валјадолид 1:2

Реал Сосиедад – Реал Мадрид 3:1

Валенсија – Алавес 3:1

Вилјареал – Еибар 1:0

Табела: Барселона 86, Атетико Мадрид 75, Реал Мадрид 68, Валенсија 58, Хетафе 58, Севилја 56, Атлетик Билбао 53, Реал Сосиедад 50, Еспањол 50, Бетис 47, Алавес 47, Еибар 46, Легањес 45, Вилјареал 43, Леванте 43, Валјадолид 41, Селта 40, Џирона 37, Рајо Валјекано 31, Уеска 30.

Енис Барди Леванте Примера фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.